Реклама

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Македонија

„Марш на ангелите“ во Кочани за настраданите во трагичниот пожар

Во молк, скршени од болка огромен број граѓани денеска тивко маршираа низ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во молк, скршени од болка огромен број граѓани денеска тивко маршираа низ центарот во Кочани. Со фотографии  во рацете од своите чеда, семејствата на загинатите од паркот на револуцијата во Кочани, го почнаа „Маршот на ангелите“. Тивко, без да изустат ниту збор, реката граѓани полека се движеше по улиците. Се слушаше само плач кој  ожалостените мајки, кои храбро сакаа да го задржат длабоко во себе…

„Кој го уби мојот ангел? Кој го уби мојот херој? И кој го пеплоса тоа ангелско лице? Не само нејзиното, туку и на сите други деца!„ праша една мајка.

„Маршот на ангелите„ почна во 12.05 минути, како симбол на задоцнетата институционална реакција. Поворката помина и покрај кафулето на сопственикот на дискотеката. Таму застанаа и молчеа во чест на загинатите.

Реклама

Со транспаренти на кои пишуваше „ Ова не е несреќа, ова е убиство„, „Коруптивниот систем, ги уби нашите деца „поворката, тивко се упати кон општинската зграда, а  оттаму кон Полициската станица, Основниот суд  и Обвинителството.

„На мене ми загина внука, на син ми , ќерка. Имаше 17години, ништо не виде од животот. Нема друго што да кажам. Никогаш вакво нешто да не се случи. Ги испративме да се веселат, а они отидоа во смрт. Да одговараат сите!„ порачаа граѓаните кои денеска мирно протестираа во Кочани.

Граѓаните кои денеска тивко маршираа, порачаа доколку сите институции си ги извршувале своите задачи до трагедијата немало ни да дојде. Во писмено соопштение, организаторите на „Маршот на ангелите„ потенцираа дека денешниот марш со кои бараат правда за најмилите, не е за лицата од обезбедувањето.