Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Прилози

Марковски: Ако ни се појават нови случаи на заразени од Западен-нил, ќе треба помасовна акција за уништување на комарците

Вкупно 20 случаи на вирусот Западен-нил  се регистрирани до сега во земјава.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вкупно 20 случаи на вирусот Западен-нил  се регистрирани до сега во земјава. Во моментов на Инфективната Клиника се лекуваат 16 пациенти. Кај 15 од нив е потврден вирусот а за еден пациент се чекаат резултати. Тројцата пациенти се уште се во критична состојба и се интубирани.  Сите 7 потврдени новозаразени изминатава недела се од Скопје и тоа по два случаи се од Кисела Вода и Гази Баба и по еден од Илинден, Бутел и Аеродром. Сите 20 пациенти се на возраст од 60 до 84 години со коморбидитети и сите се хоспитализирани. Вирусот на Западен-нил е сериозно вирусно заболување и состојбата кај нас треба внимателно да се следи бидејќи ако само еден посто се со тешки симптоми тогаш бројката на заразени е околу 2000 лица, велат инфектолозите. Додаваат дека  сите таканаречени . вектор преносливи болести се добиваат од заразен комарец, а преносители освен тигрестиот ги има повеќе од шеесет видови.

-Го знаеме причинителот, го знаеме векторот и го знаеме домаќинот. Можеме да делуваме само на векторот. Повеќе од шеесет видови не е само тигрестиот комарец, повеќе од 60 видови го пренесуваат вирусот. Скоро сите птици повеќе од триста видови на птици можат да бидат домаќин а околу триесетина вклучувајќи го и човекот, цицачи можат да се разболат. Доколку ни се јават нови слуачаи ќе мораме поопсежна акција да направиме за уништување на овие комарциистакна инфектологот проф.др. Вело Марковски

Во однос на болеста др. Марковски вели дека инкубацијата таре од  шест до 14 дена. Поголемиот број од заразените се асимптоматски,   кај мал број завршува со симптоми на грип, а кај еден процент  може да се развие тешка клиничка слика со воспаление на мозочната обвивка.

Реклама

– Кај Западно-нилската треска од досегашните искуства некаде смртноста е кај овие потешките до 20-тина  посто. Значи можно е и смртен исход. Колку ќе трае лекувањето е индивидуално. Значи ние немаме специфично средство антивирусно туку ќе мора да ги лекуваме последиците  кои настанале во овој случај енцефалопатии. Сами по себе тие се многу тешки за лекување.  Кај нас мислам дека се уште нема починато, што значи дека добро се носат колегите на инфективната клиникаистакна инфектологот проф.др. Вело Марковски

Инфектолозите апелираат повеќе да се обрне внимание на уништување на комарците и да се воведат повеќе прскања против комарци бидејќи тие се главниот причинител на болеста. Надлежните апелираат ако граѓаните почувствуваат висока температура, главоболка, треска, дезоринетираност веднаш да се јават на Инфективната клиника. Остануваат и понатаму препораките до граѓаните  да се користат средства против комарци, да се носи облека со долги ракави и ногавици особено во вечерните часови , да се постават заштитни мрежи на прозорците и да се отстранува застоената вода во дворовите каде комарците се размножуваат. Првиот случај оваа година на Западно-нилска треска беше регистриран во Македонија на 15 мај а  заразениот пациент беше од Велес. Скоро сите  20 заразени пациенти  вирусот го добиле од домашен комарец.