Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

МАПАС: Одбележани Деновите на финансиска писменост

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување МАПАС, и годинава ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување МАПАС, и годинава ги одбележа Деновите на финансиска писменост со низа активности насочени кон едукација, подигнување на свеста и приближување на пензискиот систем кон граѓаните, младите и фриленсерите како посебна таргет група, се вели во соопштението од МАПАС.

Во рамките на кампањата, МАПАС воспостави партнерства со три коворкинг простори: The Hub by Adeva, T.G.G. Бизнис центар и Konectivity, каде беа поставени информативни материјали со цел работниците кои работат самостојно и фриленсерите да се запознаат со бенефитите и можностите на третиот пензиски столб, како најсоодветна форма на заштеда за нивниот професионален модел.

Со цел продлабочување на знаењето и можност за интеракција, МАПАС одржа и три едукативни предавања за вработените во институции и компании. Настаните се реализираа во Општина Центар, Општина Тетово и во компанијата Инфинум, каде учесниците имаа можност да поставуваат прашања и да добијат јасни, практични и персонализирани одговори во врска со функционирањето на пензискиот систем и донесувањето информирани финансиски одлуки.

Реклама

Круна на одбележувањето беше централниот настан што се одржа во Културно информативниот центар – Скопје, на кој присуствуваа претставници од институциите, образовните организации, приватниот сектор и младински заедници. Настанот ја истакна важноста на финансиската писменост како предуслов за стабилност, сигурност и долгорочна финансиска независност.

Претседателот на Советот на експерти на МАПАС, Ремзи Бајрами, во своето обраќање потенцира дека финансиската писменост не е само познавање на штедењето или инвестирањето, туку основа за лична сигурност и самостојност.

Директорката на Бирото за развој на образованието, Милка Тримчевска, исклучително ја нагласи потребата финансиските вештини да станат интегриран дел од образовниот систем.

Оваа година активностите беа збогатени и со уметнички пристап преку соработката со средните училишта ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ – Скопје и ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ – Скопје. Шест ученици од ликовното училиште изработија уметнички дела инспирирани од теми поврзани со финансиска одговорност, додека пет ученици од музичкото училиште создадоа оригинална музичка композиција – химна посветена на финансиската култура. Делата и композицијата беа јавно претставени на централниот настан.

Со завршување на активностите, МАПАС уште еднаш ја испраќа пораката дека финансиската писменост претставува трајна вредност која создава информирано, свесно и финансиски стабилно општество. Оваа година кампањата потврди дека најдобри резултати се постигнуваат преку партнерство, иновативност и постојана едукација – затоа што сигурната иднина започнува со знаење.