Реклама

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Македонија

Манасиевски: Заев, Шукова и СДСМ, уште во 2020 година ветуваа решавање на Вардариште

Заев, Шукова и СДСМ, уште во 2020 година ветуваа решавање на Вардариште,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заев, Шукова и СДСМ, уште во 2020 година ветуваа решавање на Вардариште, кое беше дел од програмата на работата на тогашната власт, се посочува во соопштението од прес-конференцијата на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Во програмата насловена како „Можеме’’ за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ, Заев и Шукова ветија итна ремидијација на Вардариште.

На страна 228, од истоимената програма СДСМ, Заев и Шукова, ветуваа цитирам „Ќе помогнеме за итна ремидијација на поголем дел од дивите депонии, со приоритет на депонијата во Вардариште како и расчистување и рекултивација на локации со несоодветно отстранет отпад во урбаните и руралните подрачја.’’, а подолу во програмата на истата страна се вели и дека проектот е со финансиско портфолио од 42 милиони евра.

Реклама

Дали СДСМ, Заев и Шукова знаат дека имаат ветено повторно доведување во природна состојба на дивата депонија Вардариште и прашуваме зошто овој проект не бил реализиран изминатите 4 години кога беа тие на власт? 

Зошто Шукова, како државен секретар и министер во Министерството за животна средина и просторно планирање, не го спровела овој проект за кој како што тие барем велат во програмата имаа обезбедено и финансиски средства? 

Зошто ги лажеа граѓаните на Скопје дека ќе го решат проблемот со Вардариште, а сега Шукова како кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ за Град Скопје, повторно го ветува истото?

СДСМ, Заев и Шукова, се луѓе на кои народот не им  верува и на минатите избори тоа јасно го кажа. Истото ќе се потврди и на овие локални избори на 19 октомври.

ВМРО-ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски со јасна визија, план и цел, ќе го решат овој проблем за граѓаните конечно да го добијат она што го заслужуваат, а тоа е почиста животна средина, почист воздух и намалување на бројот на дивите депонии.

Прашање: Кои се вашите очекувања од ЈО за прислушувањата од страна на АНБ и АР?

Одговор: ЈО мора да почне да работи, кој дал насоки на АНБ и АР да го прислушуваат претседателот Мицкоски, истрагата мора да биде сеопфатна.

ЈО го повикуваме да не посматра од страна и да чека што ќе се случи следно. ЈО мора активно да се вклучи во расветлување на случајот со прислушувањето и следење на ВМРО-ДПМНЕ, новинари и бизнисмени.

5 години биле загрозени човековите права на десетици функционери на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со претседателот Мицкоски, бизнисмени и новинари.

5 години СДСМ ја имал заробено државата и безбедносните агенции.

ЈО било продолжена алатка, преку Љупчо Коцевски, и го одобрувало дивеењето на оваа политичка мафија.

ЈО не смее да биде слуга на таа политичка мафија, затоа што зошто во спротивно ризикува довербата на народот да падне и под 2%.

ЈО треба да знае и дека ако не почне да работи по овој случај со цел негово целосно решавање, многу скоро од денес ќе треба да даде одговори зошто молчело и не постапувало.

Одговорност за прислушувањето и за следењето мора да има.