Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Манасиевски: Тренчевска – новото лице на Филипче, стариот кадар на Заев

Претседателот во сенка Заев, му ги напиша и состави новите членови на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот во сенка Заев, му ги напиша и состави новите членови на раководството на неговиот чувар на фотелјата Филипче, кој без двоумење ги изгласа со две раце.

Еден од така наречените нови лица е Јована Тренчевска, кадар на Заев од Струмица, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Подемите во политичката кариера Тренчевска ги добива токму од Зоран Заев. Таа станува државен секретар во Министерството за труд и социјална политика токму во времето кога Зоран Заев е премиер. Потоа станува и директор во неговата влада на Инспекторатот за труд, како и министер за труд и социјална политика, секако неуспешен.

Реклама

Јована Тренчевска, граѓаните ја паметат по рекордните зголемувања на пензиите од 180 денари годишно. Јавноста ја памети Тренчевска по тоа што на работа го врати Александар Филев – трговец со дрога во Радовиш како директор на социјалното.

Пензионерите ја паметат кога им велеше дека супер им било да живеат со 25.000 денари месечни примања, кога инфлацијата беше вивната до небото. Синдикалците ја паметат по тоа што местеше претседатели на синдикатите, по насока на нејзиниот лидер. Ја паметат и по кочењето на 16 согласности за воспитувачки и негувателки како и 10 согласности за помошно технички персонал во градинките во Бутел и во Куманово.

Тренчевска минатат година по изборниот пораз на парламентарните избори си даде оставка од претседател на форумот на жени, каде што рече дека местото го остава на нови, поквалитетни и лица неизвалкани од минатото. Тренчевска изгледа има заборавено на ова што го има кажано, и по само една година за да му удоволи на Заев, стана потпретседател на Филипче.

Со ваквите кадри СДСМ тоне и оди во стечај. Народот не им верува.