Реклама

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Македонија

Манасиевски: Скандали и афери не престануваат да го следат СДСМ, Рашковски фатен со 20 илјади евра на граница за кои немал покритие

Скандали и афери не престануваат да го следат СДСМ, Рашковски фатен со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скандали и афери не престануваат да го следат СДСМ, Рашковски фатен со 20 илјади евра на граница за кои немал покритие. Поранешниот генерален секретар на Владата на Заев, Филипче и СДСМ, Драги Рашковски, во текот на вчерашниот ден бил фатен на граничниот премин Ново Село, со сума од 20 илјади евра кеш за кои немал покритие, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ во денешната изјава за која информира ВМРО-ДПМНЕ.

За Рашковски и СДСМ не е изненадување да бидат дел од некаков криминален или пак коруптивен скандал, па затоа да ја потсетиме јавноста за минатото на Рашковски, кој важи за близок соработник на Заев и на Филипче.

Рашковски беше обвинет и осуден за случајот “Софтвери”, како поранешен генерален секретар на владата на Заев, Филипче и СДСМ, каде што набави софтвери, за кои никој немал ниту побарување, ниту пак претходно такво нешто било употребувано. Со оваа набавка Рашковски ја злоупотребил службената положба и го олеснил Буџетот за над 18 милиони денари.

Реклама

Исто така, Рашковски беше обвинет и осуден за перење на пари, со што според обвинителството, било овозможено четири компании да стекнат нелегитимна добивка од на 17 милиони денари.

Почитувани, матрицата на СДСМ не се менува, низ неа поминаа и сеуште поминуваат криминалци. Секојдневно СДСМ е полн со афери и скандали. Ги прашуваме и СДСМ и Рашковски, дали овие пари со кои бил фатен на граница се дел од перените пари од случајот “Софтвери”? Дали СДСМ ќе се огради од Рашковски, а со тоа и од Заев кој важи за најблизок соработник своевремено на Рашковски? Дали СДСМ има намера да се реформира и да почне да внесува чесни луѓе кои треба да им ја водат партијата, а не вакви како Рашковски, Заев и Филипче?

СДСМ се синоним за неспособност, криминал и корупција. Го повикуваме воедно и ЈО да земе да работи нешто и да отвори случај, а не да седи настрана и да ги штити пулените на СДСМ.