Реклама

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Македонија

Манасиевски: СДСM во одбрана на градоначалникот тепач од Крива Паланка, кој наместо да работи за граѓаните тој ја злоупотребува службената положба и овластување

СДСM во одбрана на градоначалникот тепач од Крива Паланка, кој наместо да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM во одбрана на градоначалникот тепач од Крива Паланка, кој наместо да работи за граѓаните ја злоупотребува службената положба и овластување, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сашко Митовски, градоначалникот на Крива Паланка, кој во слободно време во видно алкохолизирана состојба се однесува како шериф и тепа припадник на МВР, за случај во којшто е осуден и прогласен за виновен, сега во работно време ја злоупотребува својата службена положба и овластување.

Луѓето се менуваат но матрицата на СДСM, не се менува. Шерифот од Крива Паланка, освен што ги тепа своите граѓани, особено полициските службеници, ја злоупотребува и својата службена должност и мисли дека тоа ќе помине неказнето, бидејќи по навика во време на владеење на СДСM, членови и блиски лица до СДСM, не беа ниту казнувани, ниту пак повикувани на разговор.

Реклама

Имено, градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски се здоби со кривична пријава поради тоа што не извршил должен надзор и контрола на издадено решение за промена на инвеститор и со потпис или факсимил и печат на општината го одобрил како важечко и со тоа, ја злоупотребил својата службена положба и овластување.

Покрај него, кривична пријава има до уште две лица, кои спротивно на законите и своите работни задачи и обврски, изготвиле промена на инвеститор иако рокот изминал и не извршиле должен надзор и решението го одобриле како важечко.

Ова е доказ за тоа како СДСM функционира во општините кои ги водат нивни членови. Кога се на работа, ја злоупотребуваат службената должност, а кога не се, глумат шерифи и во алкохолизирана состојба ги тепаат своите сограѓани“, потенцира тој.

Го повикуваме ЈО да го испита случајот и да се утврди одговорност. Доста е од локални шерифи кои работат за сопствени интереси. Граѓаните на Крива Паланка заслужуваат праведност, одговорност и домаќинско водење на општината, а не тепач, изјави Манасиевски.