Реклама
Македонија

🎥 Манасиевски: СДСМ да каже што одработил Лазар Нанев во Судски совет за 120 илјади евра кои му ги дале од Еразмус +, Филипче може да даде одговор

СДСМ да каже што одработил Лазар Нанев во Судскиот совет за 120…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ да каже што одработил Лазар Нанев во Судскиот совет за 120 илјади евра кои му ги дале од Еразмус +, Филипче ако заврши со пловењето може да даде одговор исто. Лазар Нанев е втор член на Судскиот совет по Наќе Георгиев, кој е фатен во коруптивна практика. Јавноста заслужува да знае, колку судии се унапредени, колку судии се поставени, а и колку се разрешени, со коруптивните одлуки на Нанев, и како тие влијаат на системот сега, соопшти членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски на прес-конференција.

Сепак, досега имаме само молк од СДСМ, зошто со европски пари купувале судии, молк и за тоа што барале за возврат.

СДСМ и Заев, преку Лидија Димова, тогашна директорка на Агенцијата Еразмус +, доделиле грант од 120 илјади евра, на судијата Лазар Нанев, кој го добил проектот, преку неговата невладина организација која била составена само од едно лице, самиот Лазар Нанев. Имено, проектот кој бил дел од Европските фондови КА201, бил со главен фокус на училишното образование и вреден 120 илјади евра.

Реклама

Дали СДСМ преку Нанев и подарокот во вид на грант од 120 илјади евра, си ги заштитиле своите сопартијци кои направиле криминал? Дали самиот Нанев има ургирано да не се водат постапки против членови на СДСМ за кои јавноста се сомневала дека имаат направено одреден криминал?

Жално СДСМ не е на власт, можеби и Коцевски ќе требаше да добие еден ваков грант. Шегата на страна, ваквите чекори на Заев и на СДСМ го уништија и партизираа судството, но и институциите. Сега кога криминалот на СДСМ, Заев  и Димова излегува на површина, тие се најгласни. 7 години беа на власт, можеле преку Нанев да ургираат да ги апси нивните опоненти.

Јавноста е свесна дека ако имало некаков криминал, СДСМ сигурно ќе апсеше партиски опоненти како што правеа со Гордана, со Миле или пак со Спиро. Со видео снимки и во раните утрински часови ќе влегуваа по домовите.

Времето на ова криминално владеење на СДСМ, Заев и Филипче заврши. Во следните денови ќе продолжиме да објавуваме како СДСМ ја злоупотребуваше Агенцијата и зошто всушност тие се исплашени!