Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Манасиевски: Партискиот интерес над државниот, Фрчкоски од Еразмус+ преку Заев и Димова добил 200 илјади евра  

Партискиот интерес над државниот, Фрчкоски од Еразмус + преку Заев и Димова…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Партискиот интерес над државниот, Фрчкоски од Еразмус + преку Заев и Димова добил 200 илјади евра. Протежето на СДСМ, Љубомир Фрчкоски добил грант од Еразмус + вреден 200 илјади евра под програмата “стратешко партнерство”, како награда за неговите навреди и омаловажувања врз македонскиот народ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално.

Кога велиме дека СДСМ ја користел Агенцијата Еразмус +, за делење на грантови на свои луѓе, тоа се потврдува и со случајот со Фрчкоски.

Како ректор на еден од факултетите во државата, по само 2 месеци од неговото назначување, благодарејќи на Фрчкоски, факултетот го добива првиот грант во нивната историја.

Реклама

Скандалозно во грантот е тоа што проектот траел од 01.12.2020 година до 30.11.2023 година, а Фрчкоски е назначен за амбасадор од 20.04.2022 година што значи дека половина од овој проект тој го раководел како амбасадор на Македонија во ОН во Њујорк.

Како Фрчкоски го работел овој проект како амбасадор? Кој го евалуирал проектот? Дали во Агенцијата некој вршел контрола за тоа како се води токму овој проект? Зошто проектот не бил прекинат кога Фрчкоски бил испратен за амбасадор во ОН?

Почитувани,

Ова е школски пример за тоа како СДСМ раководеше со државата. Не само што делеа пари на професори и свои партиски кадри, туку по падот од власта, тие поднесоа кривични пријави против училиштата, за да го свртат вниманието и да ги прикријат овие грантови!

Вистината излегува на виделина. Криминалот и корупцијата на СДСМ  нема да останат скриени!