Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Манасиевски: Од каде се парите на семејството Муслиу и дали Пендаровски е нивен партнер во изградба на зграда во Влае?

Зад мене, во Влае се гради станбена зграда во која како инвеститор…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зад мене, во Влае се гради станбена зграда во која како инвеститор се посочува Афродита Муслиу, сопруга на поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, кој е инаку близок соработник на Стево Пендаровски. Тука се поставува прашањето на кое јавноста заслужува одговори, а тоа е како со административна плата се стигнува до инвеститор на станбена зграда? Од каде се парите за оваа инвестиција? Дали семејните приходи на Муслиу можат да ја оправдаат вредноста на ваков градежен проект? Дали зад оваа инвестиција стојат и други финансиски партнери?, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од прес-конференцијата на партискиот портпарол, Валентин Манасиевски.

Почитувани, Тука има уште едно име кое мора да даде одговор, а тоа е Стево Пендаровски!

Токму Пендаровски го назначи Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање во 2019 година.

Реклама

Затоа директно прашуваме, дали е точно дека Стево Пендаровски и Еролд Муслиу, покрај политичката и институционална соработка која ја имаат, имаат и заеднички деловни интереси? Дали Пендаровски има каква било финансиска или деловна поврзаност со оваа инвестиција во Влае?

Би сакал исто така, да ја потсетам јавноста, дека во 2024 година токму Афродита Муслиу, сопругата на Еролд Муслиу, доби грант од 620 илјади евра, од тогашната Влада на СДСМ, која склучила меморандум со Конзорциум на невладини организации чиј основач е токму сопругата на Еролд Муслиу.

Почитувани граѓани, Додека Филипче говори за некаква организирана криминална група, групата криминалци е токму во СДСМ.

Очекуваме јасни одговори од Муслиу и од Пендаровски, за тоа дали се партнери во оваа изградба на станбен објект, и секако, како со административна плата се гради зграда за која треба да се инвестираат милионски суми.