Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Манасиевски: Лицемерието на Филипче е огромно, по летувањето со Заев на милионската јахта во Грција, сега на зимување во Дубаи

Лицемерието на Филипче е огромно, по летувањето со Заев на милионската јахта…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лицемерието на Филипче е огромно, по летувањето со Заев на милионската јахта во Грција, сега на зимување во Дубаи, се наведува во денешното соопштение на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ – интегрален текст од прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на партијата.

Додека тука во Македонија, Филипче говори дека тешко се живеело, луѓето едвај сврзувале крај со крај, платите биле ниски и слични манипулации од негова страна, паралелно замина на одмор во Дубаи, една од најскапите држави во светот.

Филипче нема само едно лице, туку повеќе. Еднаш е загрижен за пензионерите, ама од друга страна сака да им ги укинат зголемувањата на пензиите, друг пат  е загрижен за младите, меѓутоа неговата партија ништо не направи додека беа на власт за младите а толку многу ветуваа, трет пат е загрижен за пациентите во здравството, како воопшто да не беше министер за здравство и како да не местеше тендери и анекси за 20% повеќе да заработи, четврт пат е загрижен за земјоделците, но во негово владеење и неговите партнери, не им се исплаќаа субвенциите на земјоделците и производите завршуваа на буниште и пред влада, и така натаму да не ги редиме многу се. 

Реклама

Меѓутоа, на СДСM не им пречи тоа што Венко со докторска и пратеничка плата има недвижност во Дубаи, според сведоштвата за коишто не слушнавме од него демант. Како стигнал до тие средства, треба АКТ на СДСM да истражи. 

Исто така на СДСM и Венко не им пречи тоа што Заев, земјоделец од Струмица, стана милионер и гради 42катница во Дубаи. Како Заев стигнал до милиони за бизнис и градење на висококатница во Дубаи, АКТ на СДСM треба и тоа да го истражи.

Почитувани граѓани, на СДСM не им е до реформа или освежување на кадарот. Тие си тераат по теркот на Заев, потпишан од Филипче. 

На СДСM единствено што им пречи е тоа што не се власт. А дека не им е грижа за проблемите на граѓаните, видовме од нивното 7 годишно владеење. 

Очекуваме во новата 2026 година, криминалците како Зоран Заев и Венко Филипче, конечно да одговараат.