Реклама

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Македонија

Манасиевски: Филипче, Заев и Ковачевски се првите другари на Вучиќ, не можат да се исперат колку и да пробуваат

Филипче, Заев и Ковачевски се првите другари на Вучиќ, не можат да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филипче, Заев и Ковачевски се првите другари на Вучиќ, не можат да се исперат колку и да пробуваат. Филипче во време на КОВИД кризата постилаше црвени килими за да пречека мала бројка на вакцини донирани од Вучиќ и со хвалоспеви да го поздравува. Сето тоа се случуваше затоа што Филипче сакаше да направи ќар од набавка на вакцини во Македонија. Во продолжение, да го погледнеме и видеото од истото, се наведува во соопштението од прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

Почитувани,

Заев на руски пранкери кажуваше лоши зборови за Вучиќ, па од кога тој повик излезе во јавноста му се извинуваше на самиот Вучиќ и велеше дека тоа што го говорел за него не било така. Понизно и со свиткана кичма. А потоа го пречекуваше на гранични премини, му се заблагодаруваше и го величаше на секој можен начин. Да го проследиме и тоа видео.

Реклама

Почитувани,

За Ковачевски мислам дека не треба да говориме, тој беше главниот другар на Вучиќ со кого пееја и пиеја до раните утрински часови. Секако за Република Македонија придобивка немаше од истото. Да го погледнеме и третото видео.

Почитувани граѓани,

Српскиот свет во Македонија го промовираа Заев, Филипче и Ковачевски.

Го промовираа и бугарскиот и рускиот, само не македонскиот. Затоа и граѓаните не им даваат доверба. Прочитани се.