Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Манасиевски: Филипче е должен да одговори колку пари има инвестирано во Дубаи за да добие златна виза

За добивање златна виза во Дубаи потребна е минимум инвестиција од 500.000…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За добивање златна виза во Дубаи потребна е минимум инвестиција од 500.000 долари, недвижност или бизнис. Оттука, јавноста има право да добие јасен одговор дали Венко Филипче ја добил визата поради инвестиција од најмалку 500.000 долари, поради недвижност или бизнис?

Венко Филипче досега не одговори дали има или нема стан во Дубаи и дали токму тоа е основата за добивање на златна виза. Наместо молк, потребни се факти и документи, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, од денешната прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Сведоштвото на Тома Аврамски, поранешен соработник на Заев, кој изјави дека ја видел 42-катницата изградена од Заев, посочи и дека ги видел  становите на Заев и Филипче во Дубаи. На овие сведоштва Филипче повторно не даде конкретен одговор.

Реклама

Дополнително, Филипче потврди дека Заев гради 42-катница во Дубаи, но тврди дека тој не му бил партнер во градбата. Токму затоа се наметнува прашањето, како Филипче   дошол до златна виза за Дубаи?

Во таа насока, го повикуваме Филипче да ги покаже документите за работа врз основа на кои ја добил златната виза за Дубаи. Доколку навистина бил ангажиран во Дубаи, договарал работа во некоја болница или кој било друг професионален ангажман, нема да му биде проблем тоа да го потврди со документи.

Но, Филипче не покажува документи, иако вети, затоа што, ги нема.

Филипче продолжува по стапките на менторот Заев, како на приватен, така и на партиски план. Одговорност мора да има!

Одговор на прашање

Но, би сакал во истото тоа соопштение да цитирам еден пасус, којшто е навистина многу важен и апропо денешната прес-конференција, каде што вели, цитирам: „Д-р Венко Филипче работи како доктор и не се занимава со градење какви било згради, а особено не со зграда од 42 ката во Дубаи со Зоран Заев, кој веќе пет години е во политичка пензија. Да повториме за оние што сè уште не ја добиле таа информација, ако воопшто има такви“.

Со оваа констатација СДСМ дополнително потврдува она што ние го говориме дека Зоран Заев гради 42-катница во Дубаи.

Нашето прашање е, од каде му се тие пари на Зоран Заев за да гради 42-катница во Дубаи?

И дополнително, доколку Венко Филипче не гради заедно со Зоран Заев 42-катница во Дубаи, го повикуваме да ги покаже оние документи за кои тој самиот говореше дека ги има за некаква работна виза во Дубаи, да ги покаже.

Доколку не, од каде му се и на него парите за да инвестира?

Бидејќи знаете, за да добиете златна виза во Дубаи, вие треба да имате инвестиција, бизнис или недвижност во вредност, минимум од 500 илјади долари. А со докторска плата и со плата на пратеник, сметам дека не би можеле да си купат толку скапи недвижности во Дубаи.