Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Манасиевски: Дволичноста на Левица ја потврдува и Крмов, над 270 илјади денари од Левица пикнал во својот џеб

Дволичноста на Левица ја потврдува и Крмов, над 270 илјади денари од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дволичноста на Левица ја потврдува и Крмов, над 270 илјади денари од Левица пикнал во својот џеб, дали и тој е сметководител?, се наведува во соопштението од прес – конференцијата на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Борислав Крмов кој се претставува како аскет, кој е гласен во јавноста за еднаквоста на граѓаните и ги напаѓа останатите колеги пратеници за законски патни трошоци, тој од Левица, од парите на граѓаните преку Буџетот на државата и од нивните членови кои им донирале, пикнал во џеб над 270 илјади денари. Дали и Крмов можеби е сметководител во Левица?

Лицемерието и дволичноста на Крмов и Левица, одат до плафон. Од една страна се претставуваат како народни, скромни и неподмитливи, се претставуваат како пратеници кои не земаат патни трошоци, а гледаме дека вистината е сосема поинаква. Околу 5 илјади евра во својот џеб си ставил Крмов од Левица, тоа си го потврдија и на прес-конференција.

Реклама

Навистина е срамно и безобразно да напаѓаат колеги пратеници и други функционери за користење на патни трошоци или пак нешто што им следува како службен додаток, а истите тие од Левица, кои глумат дека се против тоа, го прават истото во сопствената партија.

Оттука, го поставуваме прашањето, дали и Крмов сега ќе рече дека е сметководител? Доколку и тој излезе дека е сметководител во Левица, знае ли дека тоа е противзаконски? Или за Левица можеби тоа не важи?

Почитувани граѓани, лажните аскети како Крмов, Апасиев, Мојсоска и Мециновиќ се прочитани од народот. Тие се луѓе кои немаат вистински став и доблест. Левица е демаскирана.