Реклама

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

Македонија

Манасиевски: Дебакл на СДСМ – не можат да најдат кандидат за градоначалник на Скопје

СДСМ не може да најде кандидат за градоначалник за Скопје, немаат човек…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ не може да најде кандидат за градоначалник за Скопје, немаат човек кој ќе се нафати на поразот, изјави денеска Валентин Манасиевски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

– Вистински дебакл се случува во СДСМ. Венко Филипче и СДСМ не можат да најдат кандидат за градоначалник за градот Скопје. Нашите информации говорат дека СДСМ добиле ладен туш од Мишко Ралев, кој не сакал да оди на избори на кои се знае дека ќе изгуби катастрофално. Ист одговор добиле и од еден скопски адвокат, близок до нивната партија, кој исто така не сакал да го носи дресот на губитник уште од објавувањето на кандидатурата. Нема човек во СДСМ кој ќе се нафати да ги изгуби изборите, а уште поголем е стравот, затоа што поразот ќе биде убедлив уште во првиот круг – изјави Манасиевски.

Според него, СДСМ не бара ниту програма, ниту визија кај кандидатот кој ќе го номинира, туку спремност да изгуби, на што очигледно никој не се нафаќа.

Реклама

– Имаме порака до СДСМ, не барајте многу, поразот секако ќе ви биде огромен. Сметката за вашите лоши политики до сега ќе ви биде испорачана на есен на локални избори – додаде Манасиевски.