Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Манасиевски: Дали Венко кој има златна виза за Дубаи е партнер на Заев во градење на 40катницата во Дубаи?

Денес откриваме нови факти за бизнисите на Зоран Заев и Венко Филипче…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес откриваме нови факти за бизнисите на Зоран Заев и Венко Филипче во Дубаи. По сведоштвото од страна на Томе Аврамски, поранешен соработник на Зоран Заев, дека во Дубаи Заев гради 42катница, а дополнително со Филипче имаат станови во друг објект, од СДСМ молк на темата и крици на беспомошност, соопшти членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски на прес-конференција.

ВМРО-ДПМНЕ долго време веќе говореше во јавноста дека Заев и Филипче имаат златни визи за Дубаи, а за истите и самите потврдија, но не кажаа на кој начин ги добиле. По се изгледа, стекнувањето на златна виза е поради влог во недвижности.

Иако Филипче призна дека златната виза е последица на работен ангажман во некаква си болница во Дубаи и вети дека тоа ќе го докаже, јавноста не виде никакви документи.

Реклама

Јавно го прашуваме Венко Филипче, каква е неговата улога во изградбата на 40катницата на Заев, за која сите слушнавме сведоштво? Дали златната виза на Венко во Дубаи е резултат на тоа што Венко Филипче е бизнис партнер на Зоран Заев во градење на згради? Од каде му пари на Венко за да си дозволи толку голем влог, со оглед на тоа дека тој самиот кажува дека има досега работено како доктор и како пратеник? Дополнително, Филипче треба да одговори на чии име се води станот за кој Томе Аврамски вели дека е во негова сопственост?

Почитувани граѓани, додека Венко и Заев продаваат грижа, морал и достоинство во државата, од друга страна гледаме како се расфрлаат со милиони за изградба на 40катница, и тоа не било каде, туку во Дубаи. Го повикуваме ЈО да го истражи случајот.