Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Економија

Македонско-српски бизнис форум во Скопје

Инфраструктурното поврзување – клучно за поголема економска соработка. Ова го порачаа околу…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инфраструктурното поврзување – клучно за поголема економска соработка. Ова го порачаа околу 300 стопанственици од Македонија и Србија кои учествуваат на бизнис форум во Скопје и имаат директни средби  за да договорат идни инвестициски проекти. Вложувањата во брзата пруга по Коридорот 10, гасното поврзување преку интерконектор и модернизација на автопатите се најважните проекти кои ќе ги раздвижат економиите. Тие треба да ги надминат главните ризици кои се недостаток на енергенси и пораст на цените во регионот како резултат на геополитичките поместувања и тензии.

„Затоа е важно, брзо да работиме на тие стратешки проекти. Гасниот интерконектор е исклучително важен. Кога зборуваме за енергетика и диверзификација за цел регион. Тоа е од пресудно значење, како и поврзувањето, односно железничката инфраструктура. Само преку тие два стратешки проекти, ние можеме да обезбедиме економска безбедност на многу поголемо ниво од досегашното“ – вели Марко Чадеж –претседател на  Стопанска комора на Србија.

Бизнисмените децидни, ниту една македонски и ли српска компанија не може сама да го освои глобалниот пазар – регионалното поврзување го потенцираа како клучно за раст и развој на компаниите од двете земји. Тие јасно порачуваат – Македонија и Србија да се борат со корупцијата која ги кочи двете стопанства.

Реклама

Според Вицепремиерот Стоилковиќ, Македонија бележи уверливи економски резултати – економски раст од 3,4%, инфлацијата е меѓу 3,5 и 4%, растот на нето платата, на индустриското производство. Износот од 1,2 милијарди евра странски инвестиции е потврда, според него дека државава е атрактивна за инвестиции. Можностите за соработка се огромни , а очекувањата се трговската размена межу двете земји да достигне две милијарди евра.

За српската вицепремиерка Месаровиќ, македонското и српското стопанство се компатибилни. Речиси 1000 македонски компании работат во Србија, а извозот кон Македонија пораснал за 16%. 

„Македонија и Србија имаат иста амбиција, нашиот регион да биде стабилен, предвидлив, посилен и пожелен за живот и за инвестиции. Нашата задача е да градиме мостови меѓу двете стопанства, нашите компании, нашите пазари и пред се нашите луѓе“ – вели Адријана Месаровиќ – Вицепремиер и министер за економија на Србија.

За дополнително да ја продлабочат соработката, Македонија и Србија потпишаа 5-годишен меморандум кој стапува во сила веднаш. Со него, ќе се унапреди комуникацијата меѓу институциите и приватниот сектор, ќе се координираат економските политики, а посебен акцент ќе биде ставен на инфраструктурното поврзување и соработката на проекти од заеднички интерес.