Реклама

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Македонија

„Македониум“ објави видеосведоштво за возобновувањето на верскиот живот на Македонците во Мала Преспа

– Весникот „Македониум“ пренесува историска видео снимки од Велигден 1991 година, коу…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Весникот „Македониум“ пренесува историска видео снимки од Велигден 1991 година, коу сведочат за возобновувањето на верскиот живот на Македонците во Мала Преспа, кога Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар при посетата на регионот во текот на еден ден крстил стотици Македонци.

Видеозаписите ги ги направил Гоце Петревски од Битола, кој ги документирал настаните од тој период и оставил визуелно сведоштво за едно значајно поглавје од поновата историја на македонската заедница во Албанија.

По падот на комунистичкиот режим во Албанија и отворањето на границите со Република Македонија, започнал процесот на повторно воспоставување на верските врски меѓу православните Македонци во Албанија и Македонската православна црква.

Реклама

Во почетокот на 1990-тите години, митрополитот Петар остварил повеќе мисии за обновување на православниот црковен живот меѓу Македонците во Мала Преспа, Голо Брдо и Врбник. Неговите активности опфаќале воведување во православната вера, иницијативи за реконструкција на запуштените и разрушени црковни храмови, како и обука на свештенослужители.

Покрај тоа, биле преземани активности за поттикнување на преведувачката дејност и подготовка на црковни книги на македонски јазик.

Посетата на Мала Преспа за Велигден во 1991 година се случила во период кога, по децении комунистичко владеење и забрана на верскиот живот, повторно се отворале можностите за слободно практикување на верата. Стотици Македонци од регионот ја искористиле можноста да ги примат светите тајни на Православната црква.

Објавените видеоснимки имаат историска и документарна вредност, бидејќи сведочат за обновувањето на духовниот живот, повторното воспоставување на црковните врски со Македонија и напорите на македонската заедница во Албанија да ги зачува своите верски и културни традиции.

Нивното објавување овозможува пошироката јавност да се запознае со настаните од почетокот на 1990-тите години и со процесите што го одбележале животот на Македонците во Албанија по завршувањето на долгогодишната изолација, пишува весникот „Македониум“.