Реклама
Прилози

🎥 Македонија се измори од тапкање по рамо: Декларативно сите за проширување, но има ли реална волја?!

Македонија се измори од тапкање по рамо, повторно празни зборови дека проширувањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија се измори од тапкање по рамо, повторно празни зборови дека проширувањето ќе биде главен приоерирет на Европската Унија. Декларативно сите се за проширување, а тоа го слушаме на секој шест месеци, но начинот на одлучување во Брисел, не дозволува реално да се прошири Унијата. Државава со години е жртва на нерационелните бугарски уцени и условувања, ветото од Софија ни го блокира патот кон ЕУ, а во моментов не се гледа начин како би била крената оваа рампа. Поранешниот амбасадор и универзитетски професор, Васко Наумовски за Алфа вели дека Данска како претседавач со Унијата, ќе се заложи за процесот на проширување, но сепак Македонија ќе остане жртва на билатералниот спор со источниот сосед.

-Знаеме дека начинот на одлучување во Европската Унија, односно во Советот на Унијата е со консензус, што значи дека колку и да се труди определена држава која што претседава Европската Унија, за време на нејзиниот мандат со претседавањето за време на тие шест месеци да направи некаков чекор напред, доколку не постои консензус не можеме да очекуваме некаква позитивна одлука. Данска е една од т.н. стари држави членки на Европската Унија, која што беше поддржувач на проширувањето со државите од централна и источна Европа, изјави Наумовски.

Според Наумовски треба се очекува европските држави да направат одреден притисок кон Бугарија, односно да се обидат да ја натераат Софија да покаже дека е застапник на европските вредности.

Реклама

-Бугарија во изминатите неколку недели доби една добра вест, а тоа е влезот во еврозоната, минатата година тие ја добија и веста за влезот во шенген зоната. Така што сметам дека како држава членка, која сега е дел од тие два концепти, би требало да покаже дека е застапник на заедничките европски вредности. Секоја држава членка на Европската Унија во суштина го поддржува процесот на проширување, изјави Наумовски.

Проширувањето на ЕУ ќе биде еден од главните приоритети на данското претседавање со ЕУ, порача амбасадорката на Данска во Македонија Перниле Деилер Кардел. Македонија треба да го исполни она што и е задача, а ЕУ треба да помогне порача амбасадорката на собраниската седница на националниот совет за евроинтеграции и за европски прашања.

Матеја Петровски,