Реклама
Македонија

Македонија расчистува со нарко-картелите: 50 години затвор за 6 припадници на озогласената група Грчец/Дуќанџик

Нарачаните убиства и трговијата со кокаин однесе во затвор шест криминалци,  членови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нарачаните убиства и трговијата со кокаин однесе во затвор шест криминалци,  членови на кланот Грчец- Дуќанџик.. Половина век затворска казна добија најблиските соработници на бегалецот во Дубаи – Шеваљ Муареми и убиениот во Ханиоти, Орхан Бајрами-Оки, кој беа главата на овој злогласен картел.

ПРЕСУДА КРИВИЧЕН СУД:

Злосторничко здружување од чл.394 ст.3 и Убиство од чл.123 ст.2 т.5 од Кривичен законик

Реклама

Фати Сучејмановски – 14 години и 6 месеци затвор

 Шуеп Сулејмановски –  15 години затвор

Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори од чл.215 ст.3 од Кривичен законик

Фадил Бајрамовски – 5 години затвор

Севди Азири – 5 години затвор

Неџати Исеини – 5 години затвор

Бесим Асани –  6 години затвор

Осудените , убивале и шверцувале дрога од Јужна Америка до Западна Европа, па се до Македонија а имале помош и од државјани на Албанија и Косово. Добро разработената криминална шема беше откриена од комуникацијата преку телефонска апликација.   

Кривичниот суд вон Скопје им пресуди по 14 и 15 години затвор на двајцата убијци кои пред повеќе од 4 години ги ликвидираа Африм Бериша и Бурим Вардар во Топанско поле.  

  • „Тие свесно одлучиле и останале на одлуката за двојното убиство, што е одлика на криминалната група. Од комуникацијата на Скај факт е дека жртвата е рационално и свесно одбрана, како и набавката на пиштол со пригушувач, панцири и на флешери за автомобил. Од комуникацијата јасно е дека двојното убиство е поврзано со престрелката со криминалната група Дуќанџик во Александар палас. Со оглед на наведеното, најмалку тројца учествувале во двојното убиство, без разлика дали Фати или Шулејб пукал или само управувал со возилото – рече судијката ФАНКА ЈАНЧУЛЕВА МИХАИЛОВСКА.

 Комуникацијата која ја проби полицијата покажала дека еден од убиените во Топанско поле претходно бил учесник во пукањето пред 6 години во хотелот Александар Палас. Тогаш пукал кон двајца блиски соработници на Шеваљ Муареми, добро познатите во кримионалното подземје, Јетон Кривањева – Жила и Енес Исеин Лаци. Тогаш се спасија, но  беа убиени во Шиша Бар во март 2023 година. Сите ги поврзувала нелагална продожба на кокаин во Македонија.

  • „Групата не дејствувала инцидентно, туку континуирано и тоа најмалку од јуни 2019 до март 2021 година и во истрагата биле опфатени 15 лица, меѓу кои сега дел се починати, а дел се уште се недостапни на органите на прогон“ рече ФАНКА ЈАНЧУЛЕВА МИХАИЛОВСКА.

Осомничени како припадници на кланот од Грчец/Дуќаџик беа 16-мина, тројца беа убиени, а со себе повлекоа и двајца полициски началници кои наместо да и служат на државата која ги плаќа им кажувале на криминалците за акциите и апсењата кои ги планира полицијата од декември 2019 до март 2021 година. Шеваљ Муареми успеал да ги мотивира пензионираните инспектори да ја алармираат групата за секој потег на полицијата, а за тоа биле наградувани со станови, коли и кеш кои не можат да си ги дозволат со плата на полицаец. Лидерот Шеваљ Муареми се наоѓа во Дубаи, а од март минатата година се бара со меѓународна потерница.

Адвокатите на групата ќе ја обжалат пресудата, а ја спорат и комуникацијата на апликацијата Скај која ни беше дадена од француските истражни институции.

За два дена почнува судењето и за групата на Раде Трајковски Штекли. На обвинителна клупа ќе седне и ривалската група на Грчец, Беланоца/ Барон чиј лидер Фатљум Ајети – Тоте од зад решетки организирал убиства на неговите противници.