Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Македонија не треба да стравува од европската забрана за увоз на руски гас

Нема потреба од загриженост. Гас ќе има, без разлика од каде ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема потреба од загриженост. Гас ќе има, без разлика од каде ќе се набави. Министерката за енергетика Сања Божиновска смирува откако Европската Унија одлучи да го забрани увозот на руски гас во ЕУ од 1-ви јануари. Оваа одлука го вклучува и транзитот на таа енергија низ ЕУ до трети земји. Регулативата за ставање крај на зависноста од руската енергија со целосна забрана ќе стапи на сила од јануари 2028 година. Притоа, ќе продолжат да важат постоечките краткорочни договори склучени пред 17 јуни годинава кои ќе се спроведуваат до јуни догодина, а долгорочните договори до 1 јануари 2028 година. Министерката за енергетика Сања Божиновска вели дека Македонија нема да претрпи многу бидејќи нема голема потрошувачка. Дополнително изградбата на интерконекторот со Грција треба да придонесе Македонија да се снабдува со количини гас од друго потекло.

„Македонија троши 500 илјади метри кубни што не е голема количина. За од 2027 година веќе работиме на гасоводот со Грција, дотогаш би требало да биде готов  и мислам  дека  нема да има проблем бидејќи тоа ќе се решава на европско ниво, значи на ниво на ЕУ сите тие што нема да можат и ќе треба да бараат алтернативи. Во Брисел ќе има разговори и ќе се пронајде алтернативно решение секако“ – рече Божиновска.

Европската Унија не само што им наложува на државите да ги раскинат договорите кои важат по 2028-мата година, туку предвидува и дополнителен мониторинг за да се спречи влез на руски гас во ЕУ. Србија веќе негодува дека државата се наоѓа во незавидна ситуација по ваквата одлука. Тамошната министерка за енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ соопшти дека Србија е во многу тешка и речиси безнадежна ситуација.  Таа рече дека Бугарија нема да дозволи проток на руски гас преку гасоводот Балкански тек, што значително ќе ѝ наштети на Србија. Државата е зависна од увоз на гас од Русија, од каде што задоволува повеќе од 80 проценти од своите енергетски потреби. Во последните 4 години од стартот на руската инвазија на Украина, Европската унија речиси целосно ја прекина својата зависност од руските енергетски извори. Беше забранет увозот на руска нафта, јаглен и поголем дел од гасот.