Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Македонија меѓу водечките земји во Европа според растот на платите

Македонија меѓу државите во Европа со најголем раст на платите изминатава година.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија меѓу државите во Европа со најголем раст на платите изминатава година. Земјава се најде на високото, 6-то место во Европа, според зголемувањето на просечната нето-плата за 12 месеци од 10 и пол отсто, односно за речиси 5 илјади денари. За премиерот Мицкоски, овие позитивни резултати се доказ дека опозицијата лаже кога обвинува дека платите во Македонија не растат.

Просечната нето-плата во јули годинава изнесува 45.276 денари и е повисока од 10 и пол отсто споредено со истиот месец лани. Најголем скок на платите се забележува во административните и помошни услужни дејности од дури 16,5 проценти. Следуваат образованието со пораст на примањата од 15 отсто и здравството и социјалната заштита, со 14,8 проценти. Премиерот претходно напомена дека е нормално работниците никогаш да не бидат задоволни од висината на примњата и дека Владата се труди да работи повеќе за да обезбеди дополнителни средства, односно да создаде поволна деловна средина за бизнисот да се развива и да можат работниците да добијат повисока плата.

Освен платите растат и пензиите. Од задутре на сметките на највозрасните граѓани ќе легнат по илјада денари повеќе, а напролет ќе има зголемување уште за по илјада. Со тоа вкупниот раст на пензиите за две години ќе биде 7 илјади денари.