Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Економија

Македонија се искачи за осум места на глобалната StartupBlink Global Startup Ecosystem Index 2026 листа

Македонија бележи историски напредок во најновиот StartupBlink Global Startup Ecosystem Index 2026, искачувајќи се за осум позиции и достигнувајќи го 70. место во светот, со што е препознаена како најбрзорастечки стартап екосистем во Јужна Европа. Според извештајот, земјата остварила 75 отсто годишен раст на стартап екосистемот, што претставува највисока стапка на раст во регионот и […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија бележи историски напредок во најновиот StartupBlink Global Startup Ecosystem Index 2026, искачувајќи се за осум позиции и достигнувајќи го 70. место во светот, со што е препознаена како најбрзорастечки стартап екосистем во Јужна Европа.

Според извештајот, земјата остварила 75 отсто годишен раст на стартап екосистемот, што претставува највисока стапка на раст во регионот и шести најголем напредок меѓу првите 100 екосистеми на глобално ниво. Истовремено, Скопје за првпат влезе меѓу 500-те најдобри стартап градови во светот, пласирајќи се на 457. Место, соопштуваат од Стартап клуб Скопје.

Особено значајно е што во официјалниот извештај на StartupBlink, каде што најважна пресвртници за развојот на македонскиот стартап екосистем во 2025 година е Startup Revolution AI Summit 2025, организиран од Startup Club Skopje.

Реклама

Во делот посветен на клучните екосистемски достигнувања, StartupBlink го наведува фактот дека Startup Club Skopje е домаќин на Startup Revolution AI Summit 2025, препознавајќи го настанот како најзначајна иницијатива која придонесува за меѓународно поврзување на стартапите, инвеститорите, компаниите и иновациските организации.

-Ова претставува едно од најголемите меѓународни признанија досега за Startup Club Skopje и за Startup Revolution AI Summit, кој во 2025 година обедини повеќе од 1.200 учесници од над 30 држави, вклучувајќи стартапи, инвеститори, фондови за ризичен капитал, технолошки компании, медиуми и лидери на стартап екосистеми од регионот и пошироко. Дополнително, StartupBlink го вбројува Startup Club Skopje меѓу клучните организации што го градат македонскиот стартап екосистем, заедно со Фондот за иновации и технолошки развој, Startup Macedonia, Swiss Entrepreneurship Program и Business Accelerator UKIM, стои во соопштението.

Во извештајот е објавена и изјава од Сашо Јовановски, претседател на Startup Club Skopje.

-Стартап екосистемот во Македонија се развива преку силна соработка во заедницата и нова генерација основачи со глобални амбиции. Со достапен талент, сè поголеми регионални и меѓународни поврзувања и брз развој на вештини поддржани од вештачката интелигенција, основачите имаат пристап до информации и алатки за побрз развој. Иницијативите предводени од заедницата, како Startup Club Skopje и Startup Revolution AI Summit, придонесуваат за поврзување на екосистемот со глобални можности и пристап до инвестиции, вели Јовановски.

Препознавањето на Startup Revolution AI Summit како официјална пресвртница во извештајот на StartupBlink претставува потврда дека настаните создадени во Македонија можат да имаат регионално и глобално влијание. Истовремено, тоа е признание за долгогодишната работа на Startup Club Skopje во градењето на претприемачка култура, поддршка на основачите и создавање меѓународни можности за македонските стартапи.

-Вклучувањето на Startup Revolution AI Summit 2025 во глобалниот извештај на StartupBlink е јасен сигнал дека Македонија повеќе не е само учесник во регионалната стартап приказна, туку станува препознатлив центар за иновации, технологија и вештачка интелигенција на Балканот и пошироко, наведуваат од Стартап клуб Скопје.