Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Економија

Македонија со наjстабилни цени во регионот: Храната поскапе само 1%, транспортот 1,6%

Македонија на месечно ниво обезбеди стабилни цени на основните прехрамбени производи, како и на транспортните трошоци. Според последните податоци во мај, храната во Македонија поскапела за минимален 1 процент во споредба со април, додека пак транспортот за 1,6 проценти. Иако Македонија е увозно зависна земја, сепак податоците од статистика велат дека владините мерки вродија со […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија на месечно ниво обезбеди стабилни цени на основните прехрамбени производи, како и на транспортните трошоци. Според последните податоци во мај, храната во Македонија поскапела за минимален 1 процент во споредба со април, додека пак транспортот за 1,6 проценти. Иако Македонија е увозно зависна земја, сепак податоците од статистика велат дека владините мерки вродија со плод. Најниската цена на горивата придонело транспортот да порасне за само 1.6 проценти, додека пак во Бугарија за само еден месец овие услуги поскапеле за над 22 проценти. И во Хрватска е слична состојбата, каде поради високите цени на горивата транспортот пораснал за неполни 13 проценти. Ист случај е и со основните прехрамбени производи, кои кај нашиот источен сосед бележат раст од 5,7 насто, додека пак во Хрватска храната поскапела за приближно 3 проценти. Според овие податоци, месечната инфлација во државава изнесува само 0.6 насто. Бројките кои ги објави статистика во време на глобална економска криза покажуваат стабилност. Според објавените податоци, индексот на трошоците на животот во мај 2026 година, во однос на мај 2025 година, бележи зголемување од 4.8 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 5.6 %. Овие бројки на годишно ниво се должат пред се на повисоката цена на увозните компоненти. Тутунот и алкохолот за една година поскапеле најмногу, 9,5 насто.  Мерките кои беа воведени во енергетскиот сектор и стабилноста на цените на горивата покажуваат поскапување за само 2 насто на годишно ниво. додека пак храната и безалкохолните пијалоци се поксапи за околу 4 проценти, што е во рамки на просекот во Европа.