Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Македонија

Македонија ќе биде домаќин на состанокот „Брдо-Бриони“ во октомври

Македонија во октомври треба да биде организатор на состанокот Брдо Бриони, кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија во октомври треба да биде организатор на состанокот Брдо Бриони, кој требаше да се одржи на Бриони, но беше откажан по заострувањето на реториката меѓу Хрватска и Србија.

​- Морам да кажам дека колегата Зоран Милановиќ го разбирам зошто ја откажа веќе договорената средба на Бриони. И двајцата секако почнавме да размислуваме каде да најдеме решение. Сите во рамките на процесот Брдо-Бриони се согласуваме дека ова е единствена платформа каде што сите држави на Западен Балкан и Словенија и Хрватска, еднаш годишно разговараме. И тоа е навистина битно, рече словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар на заедничката прес-конференција со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова по средбата во Љубљана.

Пирц Мусар истакна дека не е одлучено во кој град во Македонија ќе се одржи но најави дека ќе биде во октомври.

Реклама

-Сега до мај не можеме на брзина да го организираме, значи октомври, датумите ќе ги кажеме накнадно, тоа е во рацете на претседателката, рече словенечката претседателка.

Смета дека навистина е важно процесот да продолжи и сите да се присутни на состанокот.

– Значи тоа е навистина битно, и Косово и Србија се тука. И јас мислам дека некои задршки или проблеми на страна претседателот нема да има, бидејќи треба да се случи во Македонија и мислам дека тоа сега е веќе факт. И уште еднаш навистина благодарам на претседателката на Северна Македонија дека ќе го организира овој процес- нагласи Пирц Мусар.

Содржински, рече, секако овој процес е исклучително битен.

– Таму седиме заеднo, се разговара за работи кои можеби не се толку проблематични, политички најпроблематични. Секогаш се обидуваме да најдеме некоја тема која ни е блиска и мислам дека со претседателката на Македонија и оваа година ќе најдеме некоја тема која не не раздвојува, туку не соединува, рече словенечката претседателка, додавајќи дека тоа не значи оти не се разговара и за потешки политички теми и добро е дека е така.

Процесот Брдо Бриони е инициран од Хрватска и Словенија во 2013 година. На него учествуваат земјите од Западен Балкан и Словенија и Хрватска.