Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Македонците во Албанија ја поздравија одлуката за отворање македонски генерален конзулат во Корча

Вчера донесената одлука на македонската влада, за отворање генерален конзулат во Корча,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вчера донесената одлука на македонската влада, за отворање генерален конзулат во Корча, за Македонците во Албанија претставува историски чин, стои во соопштението на македонското друштво „Илинден” -Тирана.

-Во мое и во име на македонско друштво „Илинден”-Тирана и Македонците во Република Албанија упатувам честитки до Владата на Македонија која на предлог на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, донесе одлука за отворање генерален конзулат во Корча, историски ден за Македонците во Албанија, се наведува во соопштението потпишано од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај.

Потсетува дека како друштво, заедно со други македонски друштва и партијата МАЕИ, за тоа долго се залагале, но дури сега станува реалност.

Реклама

Инаку, ова исполнување на барањето од претставници на Македонците во Албанија упатено уште во 2013 година на средбата во Поградец со тогашниот македонски претседател Ѓорге Иванов.

Според одлуката на владата, генералниот конзулат во Корча ќе биде со јурисдикција во целиот регион.

-Граѓаните мора да имаат брз и ефикасен сервис и услуги, поддршка за културни, образовни и економски врски. Владата продолжува со конкретни мерки и политики кои имаат за цел да ја потврдат вистинската грижа за подобрување на стандардот и враќање на довербата на граѓаните во институциите, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски посочи дека со отворањето на Генералниот конзулат, Македонците кои живеат во Корча, Преспа, Поградец, Голо Брдо и Гора ќе добијат побрз и полесен пристап до конзуларните услуги, како и поддршка за културни, образовни и економски врски.

– Грижата за Македонците во Албанија не ја покажуваме со зборови, туку со конкретни дела. Целиме кон посилна грижа за интересите на нашите граѓани. Брз, достапен и квалитетен сервис, нагласува меѓу другото министерот Муцунски.