Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Македонците од Мала Преспа, по традиција, во Церје, го одбележаа празникот Голема Богородица

Во селото Церје, Мала Преспа, Македонците од оваа област, според традицијата негувана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во селото Церје, Мала Преспа, Македонците од оваа област, според традицијата негувана со векови, го одбележаа денешниот голем празник Успение на Пресвета Богородица, патрон на селската црква.

Иако поголемиот број жители од Церје се иселени, сепак за нив и нивните поколенија важи изреката „каде и да се за овој голем празник во Церје да се“. Секако заедно со нив беа и жители од повеќе села на Мала Преспа.

По богослужбата што беше одржана во црквата „Успение на Пресвета Богородица“  одбележувањето продолжи со македонски песни и ора и скромна закуска во црковниот двор.

Реклама

-Поради лошите, речиси никакви услови за живот, повеќето од некогашните жители на селото се иселивме во други градови во Албанија, пред сè во Корча, како и во Македонија и Грција, но секогаш за овој празник сме тука, да се сретнеме, да се видиме и да се потсетиме на спомените од времето кога селото беше преполно од народ, велат жителите кои се надвор од родното село.

Присутните во овој божји храм, кој датира од 1012 година, запалија свеќи и посакаа здравје, среќа и бериќет, а од Мајката Божја „да ги чува и штити од секакво зло Македонците каде и да се“.

Честитка по повод Денот,  упати градоначалнкот на општина Пустец, Пали Колефски.

-Среќен празник голема Богородица. Нека Пресветата Мајка донесе здравје, радост и благослов во секое семејство во село Церје и на сите кои го слават овој свет ден, напиша Колефски во објава на Фејсбук.

Празникот Успение на Пресвета Богородица, голем број македонски семејства во Албанија го одбележуваат како домашна слава.