Граѓаните на Карпош редовно си ги подмируваат своите даночни обврски кон општината и нема простор за какво било зголемување на даноците. Ова е ставот на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Карпош – Сотир Лукровски, кој порача дека сите пари што влегуваат во општината ќе бидат искористени за поквалитетен живот на карпошани.