Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

Лукровски: Ќе го решиме проблемот со паркирање на карпошани со 600 нови паркинг места и ќе ставиме крај на бетонизацијата

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош, Сотир Лукровски, кој ја промовираше својата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош, Сотир Лукровски, кој ја промовираше својата програма и изнесе неколку решенија за проблемите кои карпошани ги имаат посочено во анкета која тој ја има спроведено.

Тој истакна дека прво што ќе направи ќе биде стоп на бетонизацијата без план и без визија.

„Ги детектиравме носечките проблеми на карпошани. На прво место е популарно бетонизацијата, која им пречи на луѓето, затоа што досега било пракса да никнуваат насекаде нови станбени единици“, нагласи Лукровски.

Тој најави ревизија на сите дупови и создавање на ново јавно претпријатие Карпош план кое ќе се занимава со планско градење на општината.

„Ќе направиме ревизија на сите постоечки дупови и создавање на ново јавно претпријатие Карпош план со кое ќе детерминираме се она што ќе се гради во нашата општина. Ќе гледаме да направиме доколку има потреба од нова градба, да во иднина има и зеленило и решенија за паркинг просторот“, потенцираше Лукровски.

Реклама

Уште еден од приоритетите кои ги најави дека ќе бидат решени во неговиот мандат се паркинг местата. Лукровски најави нови 600 паркинг места во Карпош.

„Предвидени се околу 600 нови паркинг места преку монтажни гаражи, на постоечките места, во Карпош 2,3,4, на Млечен и во Влае. 80 на Млечен, 70 во Влае, 130 во Карпош 4, 120-150 Карпош 3 и 110 во Карпош 2 и така ќе стигнеме до нови 600 паркинг места, со што се надевам ќе ги тргнеме возилата од пешачките патеки“, заклучи Лукровски.