Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Лозово набави најсовремена опрема за училиштето, Ранковце добива најдобра инфраструктура

На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“, се обратија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“, се обратија градоначалникот на општина Лозово, Бошко Цветковски, градоначалникот на општина Ранковце, Борче Спасовски и градоначалникот на општина Кратово, Тодорче Николовски кои наведоа позначајни проекти кои се реализирани во општините, во областа на образованието, инфраструктурата и туризмот, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалникот на општина Лозово Цветковски истакна дека е многу направено во делот на образованието, со најдобра опрема, смарт табла во одделенска настава, интерактивни панели, лаптоп за секој наставник и таблети за секое дете до петто одделение.

„Пристапивме кон решавање на проблемите, нашето општинско основно училиште во моментот е најдобро опремено како во централниот така и во источниот дел на Р. Македонија, имаме направено осовременување на наставниот процес и секоја училница има смарт табла во одделенска настава додека во предметна настава имаме интерактивни панели во сите кабинети, за секој наставник е обезбедено лаптоп, за секое дете до петто одделение обезбедуваме и таблети. Изградивме најсовремена библиотека со читална, за прв пат доделуваме ваучери на најдобри наставници и најдобар ученик и слично. Бесплатен оброк“, вели Цветковски.

Реклама

Спасовски наведе неколку реализирани проекти за општината како вложување во патната инфраструктура за поврзување на селата со општината и подобрување на условите во училиштата со целосна реконструкција на училници и училишни дворови. 

„Во текот на мандатот изградивме, реконструиравме околу 8 километри инфраструктура, односно патишта кои ги поврзуваат нашите села со општината, а тековни проекти околу 4 км дополнително ќе бидат изградени. Ги подобривме условите во училиштата, инвестиравме во реконструкција на  училници и училишни дворови во село Радибуш после 40 години целосно го реконструиравме училиштето. Социјално ранливите категории добија конкретна помош и поддршка, во село Псача изградивме водоводен систем“, рече Спасовски.

Градоначалникот на општина Кратово, Николовски истакна дека Кратово се развива во препознатлива туристичка дестинација се вложува во туристичкиот потенцијал на градот со реконструкција на културно историски споменици и формирање на посебен отсек во образованието за угостителство и туризам.

„Обезбедивме голем број на проекти за подобрување на животот на граѓаните во Кратово. Ние се осврнавме на туризмот, со цел зголемување на туристичкиот потенцијал на градот, се посветивме и работевме на таргетирање на потенцијалите на развој и позиционирање на градот во препознатлива туристичка атракција, реконструкција на културни историски споменици, партерно уредување, формиравме посебен отсек за угостителство и туризам, имаме два значајни проекти како погранична соработка со Србија и Бугарија , спроведен во рамките на средното училиште во кој што се изгради еден хостел со сместувачки капацитети и опрема за рурален туризам  и реконструкција на старата училишна зграда во центарот на градот и изградба на 11 апартмани во функција на туризмот“, рече Николовски.