Реклама

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

Македонија

Левица: Нема простор за политички калкулации, присуство на седницата за Кочани е должност

Пред почетокот на денешната седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пред почетокот на денешната седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, уште еднаш јавно ги повикуваме пратениците од власта да не бегаат и да се одважат пред родителите и народот со присуство на седницата, се наведува во денешното соопштение на Левица.

Нема простор за ароганција и партиски калкулации. Поминаа девет месеци од трагедијата што однесе млади животи, а Собранието за целиот тој период не презеде ниту една суштинска мерка. Институцијата која треба да биде највисок облик на демократијата, домот на народните избраници, се однесуваше без слух за јавноста, со очигледна желба случајот да се заташка и да се заборави. Токму затоа, денес нема луксуз да продолжи со истата неодговорност. Државата им должи на семејствата и народот барем минимум сериозност и политичка зрелост.

Одржувањето на седницата зависи од пратениците од владејачкото мнозинство, членови (или нивните заменици) на Комисијата, и тоа:

Реклама

Александар Велјановски
Миле Лефков
Ангелинка Петкова
Петар Ристески
Бране Петрушевски
Рашела Мизрахи
Игор Здравковски
Фериде Хаџиу
Весна Бендевска

Секој од нив има должност да се појави и да му овозможи на Собранието да ја изврши својата надзорна улога и да не биде креатор на уште еден срам со учество во блокада на оваа расправа. Нема повеќе алиби, „технички причини“ и други разни изговори. Во моментов се работи и за довербата на јавноста и за елементарно човечко достоинство.

Од мнозинството денес јавноста бара да си го оправдаат мандатот и да присуствуваат на седницата. Ако повторно посегнат по опструкции, тоа ќе значи дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да ја поттурне вистината под тепих. Секоја нова опструкција ќе биде јасен доказ дека ВМРО-ДПМНЕ ја става сопствената удобност пред болката и гласот на родителите и народот кои бараат правда!