Реклама
Македонија

Левица: Дали Митески чека трагедија за да го затвори „Зимзоленд“

И покрај утврдените неправилности и отворениот предмет во Јавното обвинителство за општа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И покрај утврдените неправилности и отворениот предмет во Јавното обвинителство за општа опасност, „Зимзоленд“ во Општина Аеродром и понатаму работи. Наместо итна реакција, градоначалникот се крие зад процедури и рокови и ја префрла одговорноста. Во меѓувреме, безбедноста на граѓаните – а пред сè на децата – е занемарена, истакна Горан Костовски, од Левица на прес конференција.

Според него законот е јасен: кога постои опасност, објектот мора веднаш да се затвори. „Но очигледно, за градоначалникот Митески ова не важи. И покрај констатираните пропусти од повеќе инспекции, Градот Скопје и јавните предупредувања, досега нема ниту една конкретна мерка за затворање или отстранување на опасните реквизити“, рече тој.

Советниците од Левица јавно побараа општината да делува, но како што велат добиле само празни уверувања дека „процедурата е во тек“.

Реклама

„Прашањето е едноставно: дали институциите ќе реагираат навреме или повторно ќе чекаат трагедија за да преземат одговорност?“, истакнува Костовски.