Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Летале боксови и шамари во операциона сала во штипската болница – се степале двајца лекари

Скандал во штипската болница. Во операциона сала се степале двајца лекари. Ортопед…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скандал во штипската болница. Во операциона сала се степале двајца лекари. Ортопед и хирург прво почнале да се расправаат и меѓусебно да си дофрлуваат, па физички се пресметале. Која била причината за расправијата, дали кавгата настанала поради пацент – засега не се откриваат детали, но, неофицијално лекарите оперирале двајца различни пациенти.

Случајот го потврди менаџментот на болницата, од каде информираа дека веќе е поведена дисциплинска постапка за двајцата вработени. Во соопштението испратенпо од болницата, само се посочува дека бил нарушен работниот ред со физичка пресметка.

„Во текот на вчерашниот ден 05.02.2025 година околу 12:30 часот во работните просториите на Клиничка болница – Штип дојде до нарушување на работниот ред со физичка пресметка помеѓу двајца вработени. Во текот на денешниот ден, од страна на надлежните од болницата случајот е пријавен во СВР-Штип и е поведена дисциплинска постапка за двајцата вработени“се вели во соопштението од Клиничка болница – Штип.

Реклама

Од таму велат дека за сите понатамошни постапувања јавноста дополнително ќе биде известена. Претходно од полицијата известија:

„На 5 февруари во 12:45 часот во СВР Штип, Н.Т. од Штип пријавил дека на работното место во операциона сала во Клиничка болница – Штип бил физички нападнат од неговиот колега З.Ш., на што возвратил “ се вели во соопштението од СВР-Штип.

Се работи на расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.