Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

Лефков: До кога СДСM ќе глуми дистанцирање од ДУИ?

До кога СДСM ќе глуми дистанцирање од ДУИ? Никој не им верува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До кога СДСM ќе глуми дистанцирање од ДУИ? Никој не им верува додека не се извинат што му дозволиле на Груби да прави криминал. Попусти се обидите на Венко Филипче да глуми дистанцирање, кога тој е виновен што криминалот на ДУИ воопшто беше можен, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСM со години опстојуваше на власт токму заради тоа што му дозволија на Груби да краде. СДСM свесно дозволија Груби да прави што сака, само за да не паднат од власт. Обидите сега да се дистанцираат од ДУИ се бледи и неискрени.

Доколку СДСM навистина сакаат некој да им верува дека се дистанцираат од ДУИ најпрвин нека се извинат јавно што со години овозможија Артан Груби да прави криминал, знаеја за неговиот криминал и не реагираа, само за да останат на власт“, потенцира Лефков.

Реклама

Се додека СДСM отворено не признаат што правеле со Груби, се дотогаш народот нема да им верува ниту збор, затоа што се што кажуваат лажат, со желба некогаш пак да го повторат истото. СДСM има избори, или целосно ќе се оттргне од ДУИ или ќе продолжи да тоне, додаде Лефков.