Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Прилози

Лажни дојави за поставени бомби во повеќе училишта низ Македонија

Сите дојави за бомби во  училиштата се лажни. Безбедносната состојба во училиштата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сите дојави за бомби во  училиштата се лажни. Безбедносната состојба во училиштата е стабилна и нема потреба од паника, порача директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, откако утринава пристигнале над 240 дојави за поставени бомби во училишта ширум државата. Јанев,  посочи дека имат одредени траги и веќе се во контакт со колегите од Интерпол и Европол.

„Училиштата од денеска ќе добијат јасни инструкции што понатаму ќе се прави во иднина доколку се повторат ваквите настани. Директорите постапија согласно протоколите. Македонската полиција и сите агенции за спроведуваање на законот покажаа јасна и одлучна борба против сите видови на криминал. Немаме дојава за криминал, каде што не сме одговориле или постапиле. Фокусот е да ги обезбедиме граѓаните од безбедносен аспект, но и од криминалот“ изјави Александар Јанев, директор на БЈБ

Доколку училиштата повторно добијат дојава за бомба  треба веднаш да пријават во МВР и да ги следат упатствата и протоколите кои ќе ги добијат од стручните лица, порача министерката за образование. Таа апелира, за комуникација единствено да се користат службените мејлови, бидејќи безбедноста е подигната со двојна автентикација.

Реклама

„Општините под чија надлежност се училиштата препорачуваме секаде во согласно можностите да биде ангажирано физичко обезбедување и да се постави видео надзор. Самите училишта да бидат претпазливи кој и како влегува во објектите“ изјави министерката за образование, Весна Јаневска

Ваквите хибридни напади не се неочекувани и за нив ќе треба да се подготвиме, порача  и премиерот Христијан Мицкоски, откако утринава до училиштата ширум државата беа испратени дојави за поставени бомби. Премиерот посочи дека работна група веќе работи  на изготвување на протокол кој во најбрзо време ќе биде доставен до училиштата, директорите и МВР.

„Сите без исклучок се лажни дојави. Тие се тие напади хибридни напади коишто ќе се случуваат, не е нешто неочекувано, ќе треба да се подготвиме. Постапено е според протоколот, ваков тип на напади имаше пред некој ден и во Хрватска, претходно и во институциите во Унгарија и претпоставувам дека ова ќе биде континуитет кај нас, но мислам дека  се креира еден протокол“ изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Утринава на електронските адреси на училиштата ширум државата стигна дојава за поставени експлозивни направи. Учениците  и вработените беа евакуирани, а откако полицијата потврди дека станува збор за лажни дојави, учениците се вратија во училишните клупи.