Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Лашкоска: Реализираме проекти за одржлив, сеопфатен и рамномерен развој на нашата држава, следејќи ги потребите на граѓаните

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Ане Лашкоска, и градоначалникот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Ане Лашкоска, и градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов денес присуствуваа на официјалниот почеток на градежните активности за изградба на водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација во Урбан Блок 4.4. во општина Гевгелија.

Целта на овој значаен проект е обезбедување на квалитетна вода за пиење, прифаќање на фекалните води од објектите во овој дел од градот, како и прифаќање на атмосферските води.

Со неговата реализација, ќе се обезбедат подобри комунални услуги и ќе се подигне квалитетот на живеење на над 2.500 граѓани кои живеат во овој урбан блок во општина Гевгелија, и ќе се заштити животната средина и биодиверзитетот.

Реклама

-Заштитата и зачувувањето на биодиверзитетот на реката Вардар преку изградба и на фекална канализација, ќе овозможи отпадните води да се прочистуваат во постојната станица и потоа да се испуштаат во водите на Вардар, што е од особена важност за квалитетот на речните води, а од друга страна го зголемува значењето на овој проект и свесноста за вредноста и комплексноста на животната средина и за неопходните активности кои треба да ги преземеме, за да се заштитат и зачуваат водите на оваа најголема македонска река и нејзиниот биодиверзитет – рече Лашкоска.

Министерство за животна средина и просторно планирање

Таа воедно истакна: „Во иднина мораме заеднички да поработиме на подигнувањето на јавната свест и одговорноста на секој подинец, бидејќи на крајот на денот грижата за потрошувачката и третманот на водите не е единствено одговорност на државата и институциите, таа е одговорност на секој од нас, и тие ограничени природни ресурси треба одржливо да ги користиме.“

-Со реализацијата на овој и на сите наши проекти, како Влада и министерство за животна средина и просторно плaнирање, придонесуваме за одржлив, сеопфатен и рамномерен развој на нашата држава, следејќи ги потребите на граѓаните, а истовремено правејќи сериозен исчекор со кој заедно ги забрзуваме промените кон одржлив развој на економијата и инфраструктурата и поквалитетен животен стандард, подеднакво за сите наши граѓани, потенцираше заменик министерката Ане Лашкоска.

Вкупната вредност на проектот за изградбата на водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација изнесува 48.233.215 МКД односно 572.179 евра, средства обезбедени од Владата, преку кредит од „Европската инвестициска банка“.