Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

Лашкоска: Новата мерна станица во Штип, когенеративните централи и носењето на новите закони, се чекори кои придонесуваат за заштита на животната средина

На денешниот настан, Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“ свое…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешниот настан, Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“ свое обраќање на панел-дискусијата – локалната и централната власт работат за тебе, имаше заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, која ја истакна својата визија за чиста животна средина и воздух во периодот којшто следи и наведе дека животната средина и справувањето со загадениот воздух се едни од врвните приоритети во агендата на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и дека министерството интензивно работи на решавањето на овој проблем, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Кога се соочивме со проблемот со загадениот воздух, моравме да донесеме еден план кој го изгласа Владата за наредните шест години, односно повеќегодишниот план за справување со загадениот воздух наречен План за справување со загаден воздух 2024-2030 година, каде што ветивме и се залагаме за решавање на овој проблем со преземање на конкретни чекори, чиишто резултати ќе ги видиме по неколку години, тоа би биле трајни резултати“, вели Лашкоска.

Заменик министерката истакна дека координацијата со локалните самоуправи е на одлично ниво, заеднички се прават планови за справување со загадениот воздух, ја потенцираше изградбата на когенеративни централи за решавање на проблемот и носењето на нови два закони кои ќе значат многу за заштита на животната средина.

Реклама

„Она за што се зафативме прво е изградбата на когенеративни централи, тие се единствениот начин да го решиме проблемот со загадувањето. Министерството за животна средина и просторно планирање е тесно поврзано со општините во државата и ниту еден проект не можеме да го реализираме едни без други, министерството е партнер на општините во државата. Заедно со општините направивме планови за справување со загадениот воздух, во собраниска процедура е Законот за индустриска емисија на гасови со кој ќе имаме контрола на големите индустриски загадувачи, и новиот Закон за животна средина, а со овие два закони ќе се придонесе за заштита на животната средина, рече Лашкоска.