Реклама

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Прилози

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Паника, хистерија, хаос. Загаден изворот Рашче. Појава на ешерија коли во скопската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Паника, хистерија, хаос. Загаден изворот Рашче. Појава на ешерија коли во скопската вода, западно нилска треска е новиот ковид, кампови и населување на мигранти. Македонските граѓани подолг период се мета на лажни вести кои создаваат паника, но случајот со водата во Скопје ги мина сиет граници. Според многумина, сето ова наликува на таканаречена хибридна војна која некој ја води во Македонија. ваквото чуство на несигурност, паника, веројтано треба да кулминира со народен гнев кој би се излил на улица. Сценарио кое може да ќарат само опозициските партии кои не бираат средства за да си ги кренат рејтингот. Па така не поминува ден, а опозициската СДСМ да не свикува прес-конференции, на кои идниректно шири паника за секакви теми. Нивни функционери даваат изјави, бараа одговорност од функционери па дури и оставки, но експертите велат дека во одговорно општество паниката треба да се смирува, а не да се подгрева.

„Сите субјекти во државата, особено оние што се државотворните субјекти, независно дали се политички партии, здруженија на граѓани, сите оние институции коишто се одговорни за даден сегментарен дел од сето она што сега го дискутираме, едноставно треба да се стават во функција на смирување на тензиите и за искажување или евентуално за потврдување на вистината во функција на тоа дека водата не е загадена и дека таа е добра за консумирање. Јас не верувам дека некој сака да направи зло за нашиот општо простор, меѓутоа сепак тоа може да се сведе и на одредено делување од надвор, што значи дека сепак треба малку повеќе внимателно да се истражува, не само на оние евентуално она што во случајот партијата дека има одредени лица коишто ги ширеле тие дезинформации, туку многу е важен изворот на самата дезинформација, иако многу тешко се потврдуваат дефинитивно“, вели професорот Злате Димовски, од факултетот за безбедност.

Според Димовски, дел од овие појави личат на хибридни закани и специјална војна, но дел од нив не можат да се сврстат во иста тема. Најдобар пример за хибридна војна претставува последната паника која се рашири во главниот град. Загадена е скопската вода. Помалите маркети ги испразнија залихите на флаширана вода, додека пак граѓаните масовно ширеа лажни пораки. Димовски не верува дека некој сака да направи намерно зло и вели дека тоа може да се сведе и на одредено делување од надвор, што значи дека сепак треба малку повеќе внимателно да се истражува.

Реклама

Но сепак да се види како се тие шерирани, како се пренесувани до јавноста и кој е практично изворот на сето тоа, затоа што ако се работи за надворешен фактор, тогаш ќе имаме сосема поинаква слика, а ако се работи за внатрешен фактор, тогаш би имале исто така поинаква слика, меѓутоа многу појасни мотиви зошто тоа се прави, затоа што сепак кај кривичното дело тероризам дефинитивно се цени самиот мотив што сакале тие да постигнат, а не крајно колку го постигнале целиот тој ефект, додаде Димовски.

Димовски додава дека ако се гледа елементот на она што беше кажано дека сето тоа е терористичко делување, треба законски да се казни. Според кривичниот законик тие што ширеле дезинформации можат да одговараат исто како да сториле кривично дело тероризам.