Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Прилози

Се повеќе заразени, епидемии, смртен случај: Западно-нилската треска не е вирус за потценување

Пет нови случаи на Западно-нилска треска- информираат  за Алфа од Центарот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пет нови случаи на Западно-нилска треска- информираат  за Алфа од Центарот за јавно здравје. Со ова бројката на заболени се искачи на 30 и еден починат пациент. Засилување на мерките е најдобриот начин за превенција од Западно-нилска треска. Епидемиолозите го поздравуваат потегот на надлежните што прогласија епидемија и советуваат на зголемена внимателност кај граѓаните. Советите се посебно да се внимава, да се користатзаштитни средства против комарци, да се носи облека со долги ракави, ако е можно да се стави мрежи на прозорците и вратите и да не се дозволува во дворовите да има застоена вода. Причина за загриженост велат дека нема:

– Добро е што се прогласи епидемија на некои територии да може едноставно да можеме да го интензивираме мерките, кога веќе имате повишено ниво на активности тоа си бара одговорност на институциите но и одговорност и на граѓанитесами да си бидат одговорни за своето здравје–истакна епидемиологот др. Сашко Олумчев.

Бројката на заразени за прв пат е толку голема. Епидемиолозите не исклучуваат нови случаи, но се надеваат дека тие нема да биат со тешки симпроми. Како ќе се смирува летото ќе се намалат и бројките на заразени.

Реклама

– Нема причина за загрижност, меѓутоа заттоа што веќе сезоната ќе биде и при крај. Тоа што е веќе заразено е заразено, ќе има секако уште случаи и тоа не може туку така да настане прекин на самата епидемска крива затоа што сепак иимаме доста единки на овие комарци, Имаме застоени води насекаде  таму бидејќи многу интензивно и многу брзо се множат–истакна епидемиологот др. Сашко Олумчев.

Надлежните неколкупати досега извршија авионска и земјена дезинфекција, а допрва ќе има и вонредна. Западно нилската треска е вирусно заболување кое се добива со каснување од заразен комарец. Симптомите се главоболка, треска, висока температура, вкочанет врат, дезориентираност. Периодот на инкубација е од 3 до 14 дена.  80% од инфекциите кај луѓето поминуваат без  симптоми а останатите 20% најчесто се манифестираат како треска која поминува сама од себе, а помалку од 1% од инфекциите  се  со  тешка клиничка слика и тешка инфекција на мозочната обвивка.