Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Македонија

Лабудовиќ: Јас нема да се кандидирам за актер, туку за градоначалник

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија и кандидатот за градоначалник на Општина Центар,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија и кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, вечерва свечено го отворија изборниот штаб на Рекорд, најавувајќи промени и нов почеток за главниот град.

На отворањето зборуваа и носителот на советничката листа за Центар, Крумислав Барзов Мишко, и носителот на градската листа на Движењето ЗНАМ, генерал Горанчо Котевски, кои ја изразија силната поддршка за новото лидерство и новата енергија што ја носи кандидатурата на Лабудовиќ.

Лабудовиќ остро го критикуваше актуелниот градоначалник, нагласувајќи дека Општина Центар денес е сотрена економски, сообраќајно и безбедносно. Тој оцени дека наместо да ја води општината, досегашниот градоначалник ја оставил со блокирани улици, без ред во урбанизмот, безбедносни проблеми и уништена економија.

Реклама

-Сè што тој е, јас нема да бидам. Јас не се кандидирам за актер, туку за градоначалник, порача Лабудовиќ, додавајќи дека Центар му е потребен домаќин, а не актер и дека тој и неговиот тим ќе бидат чесни, одговорни и посветени на граѓаните.

Кандидатот за градоначалник на Центар од ЗНАМ најави решавање на проблемите веднаш, со ветување дека уште во првата година граѓаните ќе почувствуваат промени и дека во рок од четири години Центар ќе стане организирана и модерна општина со ред, сообраќаен план и безбедност за сите жители.