Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

Кузеска: Дали Мицкоски се плаши од декласификација поради криминал на ВМРО-ДПМНЕ?

Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) денеска го праша премиерот и лидер…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) денеска го праша премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дали случајот „Делчевски ниви“ е причината поради која „се плаши“ да побара декласификацијата на документите со кои би се докажале неговите и наводите на актуелниот директор на Агенцијата национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски, дека бил следен и прислушуван додека бил во опозиција.

На почетокот на прес-конференцијата, која претходно денеска ја најавија од СДСМ, а на која како што рекоа ќе почнат со објавување на вистината за случајот со АНБ, портпаролката Богданка Кузеска ги постави прашањата што партијата ги наведе и претходните денови, а се однесуваат на нивното барање за декласификација на документите во врска со наводите за незаконско постапување на АНБ во периодот од 2019 до 2024 година.

„Зошто после речиси една недела од објавувањето на наводите за следење на Христијан Мицкоски ниту директорот на АНБ, Бојан Христовски, ниту премиерот Христијан Мицкоски не ја отпочнаа процедурата за декласификација на документите кои би ги докажале наводите на власта? Зошто самиот тој не побара декласификација на документацијата од Агенцијата за национална безбедност во која наводно бил следен? Од што се плаши Христијан Мицкоски?“, рече Кузеска.

Реклама

По овие, таа праша „дали можеби Мицкоски се плаши од декласификација на овие документи затоа што ќе ги потврдат индициите за милионски криминал во случајот ‘Делчевски ниви’“.

„Да ја потсетиме јавноста дека во случајот ’Делчевски ниви’ беа инволвирани најблиските соработници на Мицкоски меѓу кои член на неговото лично обезбедување, како и тогашниот директор на белата палата, односно централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ. Дали овие документи кои Мицкоски одбива да ги декласифицира покажуваат дека шефот на организираната криминална група која се стекнала со корист во илјадници евра е токму Христијан Мицкоски?“, праша портпаролката на СДСМ.