Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Крушевската зимска магија се повеќе замира

Само десетината сантиметри снег беа доволни за Крушево, или македонскиот Давос, деновиве…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Само десетината сантиметри снег беа доволни за Крушево, или македонскиот Давос, деновиве да блесне во сета своја зимска убавина и барем на кратко да започне да пулсира животот, кој ,во ова највисоко населено балканско градче, за жал, со години замира. Снежното руво го разубави градот, но не ги покри старите, многубројни проблеми.                                       

    Гостољубивите жители на питомото Крушево, свесни се дека градот им умира, бидејќи, велат, нема развој, нема работа, па младите, се повеќе заминуваат, купувајќи карта во еден правец.

   „Во секој случај, треба да се инвестира. Минимални работи некои се прават, но недоволни, сепак треба да се инвестира и во инфраструктурата…дека замира градот- замира, се иселуваат младите, заминуваат во поголемите градови низ Македонија, за жал, таква е судбината…“- вели еден скопјанец.

Реклама

     „Многу тешко, затоа што се намалија луѓето, младите побегнаа, старите умираат..нема работа…Крушево нема фабрики, нема ништо…“ – раскажува постар жител на Крушево.

     „Крушево убаво се живее за стари луѓе, пенизонери. Младите бегаат, нема егзистенција, нема фабрики, ништо нема и тоа е…“, – посочува друг повозрасен крушевчанец.

    „Јас би сакала многу да останам тука, заради тоа што сме едно убаво, културно урбано градче, но ако продолжи вака да нема ништо, ни работа за младите, секако дека би барала негде надвор“, ни рече една млада крушевчанка.

    „Ние сме сиромашна општина и без помош од Владата не можеме ништо, скоро ништо да направиме. Но, има европски фондови кои можат да се користат, кои треба да ги користиме, но за жал, многу мал дел од тие фондови се искористени“, ни објасни друг млад крушевчанец.

  „Баш ми е криво дека не преземаат нешто многу за туризмот…Оваа убавина нигде ја нема, ама треба нешто малце да преземат за да привлечат повеќе туристи, малку да се потрудат…“- ни посочи една скопјанка.

  Од слабиот напредок на градот, а и од беспарицата, особено се разочарани угостителите. Тие се жалат и на преполовеното работно време.

  „Овие неколку дена Крушево заживеа. Ние тоа го очекувавеме уште од Нова година, ама немаше снег. Ние сме угостители веќе 40 години и за нас и најлошо да е, мораме да опстанеме на некој начин“, – објаснува долгогодишниот кафеџија Никола Здравески – Шапе.  

   Забелешки за недоволната туристичка промоција на Крушево имаат и локалните опозиционери. Обвинуваат дека градските власти немаат стратегија за анимирање и помагање на стано-издавателите кои имаат категоризирани сместувачки капацитети.

    „Станува збор за јавен повик за враќање на уплатената такса за привремен престој за 2019 год. на сите категоризирани угоститетлски објекти. Зошто локалната власт, општина Крушево, која нормално е да сака да им помогне на своите сограѓани во ова тешко време, не испратила известување за оваа мерка до сите категоризирани објекти, на исти начин, преку курир, како што им испраќа известувања за даноци и такси?!“, прашува Билјана Проеска од ВМРО-ДПМНЕ, Крушево.

      Градоначалникот на Крушево пак, Томе Христоски, признава дека не сите категоризирани стано-издаватели биле информирани за оваа мерка, но тој тврди дека и се што било во нивните ингеренции, било направено.

      „Ние во Крушево имаме категоризирано околу 600 легла во приватниот сектор и околу 400 легла во хотелите. Ние од Министерството за економија го споделивме линкот на нашата веб-страна…и веќе голем дел искористија, но не се доискористени“, – објаснува градоначалникот Христоски.

      Инаку, наспроти тврдењата на жителите, локалните власти уверуваат дека градот се развивал со полна пареа и се повеќе заземал значајно место на пошироките туристички мапи.

  Каролина Дурло