Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Крушево и бројни посетители го одбележаа роденденот на Тоше

Спомен-куќата на Тодор Проески во Крушево денеска беше центарот на емоциите, спомените…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Спомен-куќата на Тодор Проески во Крушево денеска беше центарот на емоциите, спомените и музиката. Со неговите песни, со посета на неговото вечно почивалиште на Гумење, со промоција на книга за Тоше, се одбележа 45-тиот роденден на македонската и балканска голема музичка ѕвезда, Тоше Проески. 

-Иако прерано нè напушти, настанот уште еднаш потврди дека неговиот лик, неговата хуманост и вонсериски талент остануваат трајна вредност која продолжува да обединува, вели директорот на спомен домот Зоран Николоски.

Годинашново чествување помина во знакот на младоста. На сцената во Спомен-куќата, звуците на безвременските хитови на Тоше ги донесоа млади и талентирани музички имиња, меѓу кои сограѓанките на Тоше, Ребека и Леона Јанкоска, Кирана Иваноска, Дорис Димовска, Марија Алинчанец, Јана Мрческа.

Реклама

Во спомен-домот на Гумење беше промовирана и книгата „Душа остана“ од Бојан Тодоровски од Битола. 

-Книгата, напишана со многу љубов и почит кон ликот и делото на Тоше, претставува уште еден пишан споменик за неговото влијание врз генерациите. Пораката „Ве сакам сите“ која и по толку години одекнува низ Крушево, денеска повторно нè потсети дека Тоше не е само дел од македонската историја, туку и дел од секое наше срце. Спомен-куќата, која е „дом“ на неговите лични предмети и награди, беше претесна за да ги прими сите фанови и почитувачи кои дојдоа да му оддадат почит на човекот кој со својата песна и добрина го освои светот. Настанот уште еднаш докажа дека Тоше Проески останува мост што ги поврзува минатото, сегашноста и иднината на македонската музика, вели Зоран Николоски, директор на Спомен-куќата „Тодор Проески“ во крушево во која, а и на вечното почивалиште на Тоше на Гумење денеска се упатија бројни посетители, поддржувачи на Тоше од Македонија и од другите земи.