Реклама

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Македонија

Кривичен суд уште се нема изјаснето по обвинението за случајот Кочани поради обемноста на материјалот

Кривичниот суд во Скопје уште се нема изјаснето по обвинението за останатите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кривичниот суд во Скопје уште се нема изјаснето по обвинението за останатите обвинети во случајот Кочани поради обемноста на материјалот.

Станува збор за обвинение напишано на повеќе од 160 страници, со над 1.000 докази и околу 300 сведоци, и со огромен број доказен материјал.

Неофицијално, дури 39 адвокати на 34-те обвинети поднеле приговори, но судот се уште чека да помине и рокот од 8 дена, за случајно некој од нив да не испратил приговор и по пошта.

Реклама

Советот кој ќе работи на оцена на обвинението е формиран од тројца судии, од кои двајца работат во одделот за организиран криминал — и тоа Илија Трпков и Софче Гаврилова, додека претседател на советот е судијката Моника Бахчовановска.

Сепак, од судот велат дека оваа постапка ќе биде долга поради тоа што се работи за обемен предмет. Го споредуваат со оценката на обвинението за предметите познати како „Синџир“ и „Адитив“, на кои се чекаше по околу 4 месеци.

Обвинението е поднесено на 13 јуни, а во него се обвинети 34 луѓе и три фирми.

Како што веќе објави Алфа, судењето за овој случај може да трае со години, ако не и цела деценија поради обемноста на материјалот.