Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Култура

„Крими сценарио“ во Агенцијата за филм – Антикорупциска бара кривична одговорност за директорот

Aнтикорупциска бара кривична одговорност за директорот на Aгенцијата за филм Бојан Лазаревски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Aнтикорупциска бара кривична одговорност за директорот на Aгенцијата за филм Бојан Лазаревски поради несовесно работење и трошење на буџетски средства на оваа установа. Првата антикорупционерка, Билјана Ивановска детално го образложи случајот, каде се утврдени низа нерегуларности во работењето на оваа институција.

“Од страна на Агенцијата за филм до Владата не е доставен предлог за носење стратегија за развој на филмска дејност. Имено, директорот преку авторска агенција ангажирал лице од странство за изготвување на стратегијата,поради непочитување на рокот за изработка склучен и е анекс на договорот,со кој рокот за реализација е продолжен, а истовремено е зголемен надоместокот на авторот. Има забелешка и за годишниот извештај за работа на Агенцијата кој што со закаснување е доставен до Владата” – вели Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК.

Но има сомнежи и околу конкурсот за неговто назначување за прв човек на Агенцијата за филм.

Реклама

“Кои се намерите на Владата, зошто одлуката што е донесена пред два месеци за објавување конкурс, не е спроведена односно конкурсот не е објавен, и зошто Владата не постапува по ревизорскиот извештај” изјави Ивановска.

Дека во работењето на Агенцијата за филм има криминал алрамираа неодамна и бројни филмски работници. Режисерот Милчо Манчевски обвини дека Агенцијата е претворена во дувло на криминал и неспособност, додека пак, режисерот Јани Бојаџи алармираше дека се финансираат проекти само на уметници подобни за власта.

Директорот Лазаревски последен пат во јавност беше на трети ноември, каде што Алфа го праша за скандалите кои ја следат институцијата кој тој ја раководи, но не сакаше да да одговори ништо.

“Не сакам да ви одговорам на вашите прашања”, рече Бојан Лазаревски, директорот на Агенцијата за филм.

Повеќе државни институции предупредија дека во Агенцијата за филм има низа нерегуларности. Апсурдот да е поголем, директорот на Агенцијата, е назначен на функцијата иако нема никаква врска со филм, и доаѓа со претходно искуство од банкарскиот сектор.

Ања Лукарова