Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Костадиновски на средба со амбасадорот на ЕУ во земјава

Претседателот на Уставниот суд на Македонија, д-р Дарко Костадиновски и судијата м-р…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Уставниот суд на Македонија, д-р Дарко Костадиновски и судијата м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, се сретнаа со амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Н.Е. Михалис Рокас.

На средбата, претседателот на Судот, го информираше амбасадорот на ЕУ за актуелностите, но и за предизвиците со кои се соочува Судот во неговото работење во изминатиот период.

Претседателот на Уставниот суд, Костадиновски, потенцираше дека императивна заложба на Судот е да го чува Уставот, без разлика на какви било обиди за политизација и етнизација во неговото постапување.

Реклама

Заемна констатација беше дека заштитата на владеењето на правото и правната држава треба да биде врвен приоритет на сите фактори во нашето општество како единствен начин за враќање на довербата на граѓаните во институциите на системот.

За таа цел, двајцата соговорници се согласија дека е неопходно да се обезбеди и почитува независноста и самостојноста на Уставниот суд, како впрочем и на целиот правосуден систем, во сите аспекти.

Претседателот на Уставниот суд, се заблагодари за поддршката на Уставниот суд, преку проектот на ЕУ „Strengthened capacities of the Constitutional Court“.

На средбата беше изразена заемна согласност за продолжување на соработката и во наредниот период.