Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестиции во современа опрема и нови болници, Владата го модернизира здравството

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за две години започна процес на целосна модернизација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за две години започна процес на целосна модернизација на македонското здравство кое со години беше во лоша состојба застарена инфраструктура без опрема и многу наталожени проблеми, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНE.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ прави конкретни инвестиции во македонското здравство.  Денес се реализираат проекти што создаваат подобри услови за пациентите и медицинските работници.

Во изминатиот период целосно се реконструирани оперативниот блок, интензивната нега, патологијата, клиничката лабораторија и кровната конструкција на болницата „8-ми Септември“.

Реклама

По повеќе од 50 години е реконструирано и ставено во функција одделението за трауматологија во Универзитетската клиника „Св. Наум Охридски“. Дополнително, реконструирани се шест операциони сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, а уште четири нови сали ќе бидат ставени во употреба во наредниот период.

Особено значајна е набавката на 100 нови амбулантни возила со современа медицинска опрема, кои ќе бидат распределени низ целата држава. Со тоа се зајакнува итната медицинска помош и се обезбедува побрза и поквалитетна здравствена услуга за граѓаните, особено во помалите и руралните средини.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестира и во современа медицинска опрема. Во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство се вложени околу 110 милиони денари, од кои 35 милиони за реконструкција и 75 милиони за нова опрема.

Во Клиничката болница Битола, по повеќе од две децении, се обновува застарената медицинска опрема со инвестиција од над 30 милиони денари. Набавени се современ ендоскоп, апарат за операции на катаракта, декса апарат, уролошка и офталмолошка опрема, како и нови дигитални системи за побрза и попрецизна дијагностика.

Во Битола се реализирани 61 ново вработување на неопределено време, затоа што силното јавно здравство се гради и со стручен, мотивиран и стабилен медицински кадар.

Се реализираат и капитални проекти што ќе остават траен белег врз здравствениот систем.

Во Кичево започнува изградбата на нова современа болница, инвестиција вредна околу 22,5 милиони евра, која ќе обезбеди подобри здравствени услуги за целиот регион.

Во Штип започнува реализацијата на еден од најголемите здравствени проекти во државата, вреден 109 милиони евра. Новата клиничка болница ќе биде современ здравствено-образовен комплекс со медицински факултет, студентски дом и модерна медицинска инфраструктура.

Овие инвестиции значат подобри услови за лекување, подобра дијагностика, побрзо лекување, подобри услови за медицинскиот персонал и создавање услови младите лекари својата иднина да ја градат во Македонија.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реконструкции, нова опрема, нови возила, нови болници и вложувања во медицинскиот кадар. Владата на ВМРО-ДПМНЕ гради здравство кое е модерно, достапно и достојно за граѓаните.