Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Македонија

Костадинов: Стипендии за учениците и поддршка за млади спортисти од Чешиново-Облешево

Поддршка за спортот и здравиот живот мора да биде една од клучните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поддршка за спортот и здравиот живот мора да биде една од клучните и приоритетни заложби за работата на идниот градоначалник. Мотивиран сум од потребата за нашите најмали, да им создадеме услови за непречен и успешен спортски живот, истакна Јорданчо Костадинов, кандидат од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Чешиново-Облешево.

Едно е јасно, спортот прави младите да се развиваат и растат здраво и далеку од пороците и лошите навики.

Нашиот избор се спортски терени наместо казина, фитнес центри наместо сомнителни и небезбедни ноќни клубови.

Реклама

Со домаќинско планирање на средствата од буџетот на Општината, како иден градоначалник на општината Чешиново-Облешево, ги помагаме сите спортски клубови во општината, ги одржуваме постоечките спортски терени и ќе градиме спортски игралишта за сите населени места.

Илинденските спортски игри, ќе ја прераснеме во манифестација како во едно убаво минато и ќе биде една од најсветлите спортски моменти пред и за празникот Илинден.

Меморалниот турнир во мал фудбал, Андреј Митев, ќе се одржува во Облешево, ќе биде под покровителство на општината, а теренот на кој што се одржува овој турнир  ќе добие нови и модерен изглед.

Турнирот во одбојка во Чешиново и генерациските турнири во мал фудбал во Спанчево и Соколарци ќе добиваат организациска и финансиска поддршка од Општината.

Во Чифлик, Бања, Уларци и Теранци и Кучичино , ќе ги модернизираме  ќе ги осветлиме постоечките спортски терени во училиштата. Во Бурилчево и Жиганци ќе изградиме мини фитнес паркови .

Возобновување и враќање на ракометниот клуб Старк во спортската сала во општината.

Во соработката со професорите од двете основни училишта, ќе формираме тимови за откривање на млади таленти, од сите спортови и ќе овозможиме стипендии и помош за овие деца.

Поддршка и плаќање котизација за секој спортски клуб што ќе формира фудбалска школа, за да се натпреварува во било која дисциплина и генерација.

Направете го вистинскиот избор, Чешиново-Облешево ќе биде повторно спортска општина.