Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Корисниците на „Порака Наша“ Куманово изработија подароци за 14 Февруари, Денот на виното и љубовта

Корисниците од Центарот за рехабилитација и реинтеграција „Порака Наша“ и годинава во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Корисниците од Центарот за рехабилитација и реинтеграција „Порака Наша“ и годинава во Куманово ја продолжуваат својата празнична продажна приказна, создавајќи креативни и уникатни производи изработени со љубов, посветеност и голем труд.

Тимот денеска информираше дека сите заинтересирани можат да ги најдат производите на базарот, што се одржа денеска во трговски центар во Куманово. По успешната промоција, лицата со интелектуална попреченост ја претставија својата понуда, своите досегашни изработки, по повод 14 Февруари – Денот на виното и Ден на љубовта, на коишто работеа изминатиов период, наменета за пријателите, поддржувачите, сограѓаните, како и за општествено-одговорните компании кои сакаат да поддржат инклузивни иницијативи во локалната заедница.

– Корисниците со умерена и тешка интелектуална попреченост од здружението „Порака Наша“ континуирано и активно работат на развојот на своите лични вештини за самостоен живот, како и на унапредување на сопствените професионални способности. Преку секојдневни креативни и работни активности, тие градат знаења и навики кои им овозможуваат поголема независност и чувство на лична вредност, изјави дефектолог Фросина Симоновска Антевска од „Порака Наша“.

Реклама

Особено значајна компонента во работата на Центарот е професионалната рехабилитација, која овозможува корисниците да стекнат практични и работни вештини приспособени на нивните способности. Преку организирани работилници, обучување и поддршка во реални работни услови, лицата развиваат рутини, одговорности и компетенции што ја зголемуваат нивната подготвеност за вклучување во заштитени или поддржани работни места. Ова не само што ја зајакнува нивната самодоверба и функционална независност, туку и придонесува кон нивно поголемо учество во економскиот и општествениот живот на заедницата.

На ваков начин, лицата со интелектуална попреченост не само што ја зајакнуваат својата самодоверба, туку и ја чувствуваат поддршката и прифаќањето од заедницата, што е суштински дел од нивната социјална инклузија.

Од 2023 година здружението е лиценциран давател на социјалната услуга центар за рехабилитација и реинтеграција. Овој центар претставува специјализирана услуга за поддршка на возрасни лица со умерена и тешка интелектуална попреченост над 18-годишна возраст, каде преку примена на иновативни помагала и индивидуални програми се развиваат вештини за самостојно живеење. Истовремено, нивните семејства добиваат соодветна стручна поддршка, совети и оспособување за полесно справување со секојдневните предизвици.