Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Коријада во Кисела Вода: Собраните средства ќе бидат наменети за семејствата на настраданите од трагичниот настан во Кочани

Во паркот „Шопен“ денес се одржа традиционалната манифестација „Коријада“, организирана од Здружението…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во паркот „Шопен“ денес се одржа традиционалната манифестација „Коријада“, организирана од Здружението на пензионери на Општина Кисела Вода. Настанот, кој години наназад го збогатува културниот живот во општината и прерасна во нејзин симбол.

На штандовите, посетителите имаа можност да купат бели печива, подготвени лично од членовите на здружението. Средствата собрани од продажбата оваа година ќе бидат наменети за семејствата на настраданите и повредените од трагичниот настан во Кочани.

Покрај продажбата на печива, настанот беше збогатен со културно-уметничка програма. Настапија играорни групи, пејачи од Здружението, како и хорот „Вања Лазарова“.

Реклама

Меѓу присутните беше и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, кој лично купи од подготвените производи и упати поддршка до пензионерите и нивниот ангажман.

-Горди сме на нашите пензионери кои и покрај годините, со неисцрпна енергија, ентузијазам и хуманост го збогатуваат општествениот живот во Кисела Вода. “Коријадата” не е само манифестација на традиционална кујна, туку и симбол на солидарност, култура и човечност. Општина Кисела Вода и понатаму ќе стои цврсто зад ваквите иницијативи, кои не само што негуваат вредности, туку и оставаат вистинска трага во животите на луѓето, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.